СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во Неготино ќе се произведува струја од отпад, трајно се решава проблемот со отпадот за 48 општини

Производство на енергија од отпад во затворен систем без оџак, со бескислородно согорување на високи температури се планира во Дуброво. Како што најави премиерот Зоран Заев на презентацијата на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, инвеститорот од Луксембург планира да инвестира 336 милиони евра.

На оваа инвестиција за согорување со плазма, ѝ претходат селекциони или сепарациски опреми за примарна селекција на отпадот.

„Инвестицијата содржи 100 комунални возила за собирање на смет, изградба на 11 претоварни станици, дополнително 11 збирни подстаници, 6000 метални и пласитични комунални континејри, асфалтирање на патна делница од 5км до село Дуброво“ кажа премиерот Заев.

Со овој проект целосно и трајно се решава отпадот на 74 проценти од територијата на Северна Македонија и опфаќа 48 општини.

Како што најави премиерот Заев, ова е целосно странска приватна инвестиција која би се реализирала според Законот за стартешки инвестиции.

Овој проект беше презентиран заедно со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата со кои се планирани 8 милијарди евра инвестиции во македонската економија.

Поврзани вести

Голдман Сакс: Голем пад на цената на нафтата од 70 на 20 долари

Битиќи – Хајдари: Да создаваме економски политики за зголемување на меѓусебната соработка и подобрување на конкурентноста на Западен Балкан

Се работи на изготвување план за реотворање на економијата

Влатко Зорба