СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Владата преку поддршка на иновативни решенија вложува во развојна економија (ВИДЕО)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска се обрати на панел-дискусијата на тема: „Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст” во организација на Фонд за иновации и технолошки развој, а по повод 21 Април, Светски ден на креативноста и иновативноста.

Покрај премиерот Заев, на панелот се обрати Коста Петров, директор на ФИТР, како и претставници на компании кои реализирале иновативна идеја со поддршка на ФИТР, односно Весна Кузмановиќ од „Стратум Рид”, Димитар Шошев од „Елисиум Центар” , Ана Спасовска од „Иновејшн” и Глигор Давчевски од „Докстим”.

На настанот беше потенциран успехот што го бележи ФИТР, во изминатите неколку години преку поддршка на повеќе од 550 компании. Претставниците на иновативните компании кои беа дел од дискусијата се осврнаа на тоа колку за нив била важна поддршката од ФИТР, не само во финансиска смисла, туку и во целиот процес од идеја до реализација. Заклучокот беше дека за успешни компании со конкурентни и иновативни продукти, неопходна е поддршката од Владата, но и партнерскиот однос помеѓу компаниите особено при промоција надвор од границите на нашата држава.

Поврзани вести

Приговорите за домашната платежна картичка ќе се проверуваат од надлежните институции

Бензинот поскапува, дизелот поевтинува

Берта Китинска

Од утре со ваучер на одмор во домашни хотели