СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Започна исплатата на средствата од МојДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Управата за јавни приходи соопшти дека е започнат процесот на исплата на паричните средства од МојДДВ за последното тримесечје од 2020 година, согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.

На граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, ќе им се исплати дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.

Во последното тримесечје од 2020 година скенирани се 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33.398.562.346,00 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари односно околу 6,1 милиони евра.

Проектот МоЈДДВ кој Управата за јавни приходи го започна на 1 јули 2019 година, успешно се реализира и успешно ги остварува двете главни цели: враќање назад пари кај граѓаните, и сузбивање на сивата економија.

Поврзани вести

ИПК: Македонија оди наназад и надолу во борбата против корупцијата

Влатко Зорба

Бившите вработени во „Еурокомпозит“ излегоа на протест, бараат да им се платат заостанатите придонеси

НУК: Петте очекувања и барања на угостителите од новиот петти сет економски мерки

Влатко Зорба