СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Животно осигурување со дополнителна заработка преку инвестициски фондови

Животното осигурување е се почеста опција на граѓаните за дополнителна заштеда и заштита на своето семејство. Штедењето и финансиската безбедност во случај на осигурен случај не се единствени бенефити од животното осигурување. Во последно време на осигурителниот пазар е се почеста опцијата преку полисата за осигурување на живот во исто време да се вложува во инвестициски фондови. На овој начин, корисникот добива осигурување на живот, а истовремено дел од паричните средства според меѓусебен договор се инвестира во инвестициски фондови кои имаат одлична историја на приноси со вложените средства. Освен заштедата што ја добивате по истекот на полисата во износ кој е договорен и загарантиран, корисникот преку инвестираните средства во инвестициски фонд може да добие и дополнителна сума. Како може да бидете сигурни дека инвестираните средства ќе се вратат? Компаниите соработуваат со искусни инвестициски фондови со силно портфолио, а ризикот е умерен.

Еден од предводниците кај нас на овој тип осигурување е Кроациа, каде компанијата има воспоставено соработка со неколку инвестициски фондови. Оттаму, средствата, во име на клиентот, ги вложуваат во удели, а изборот кој фонд ќе биде наменет за инвестирање на средствата зависи од самиот клиент.

„Конкретно ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ полисата за осигурување на живот, е креирана целосно осигуреникот да може да избира и да одлучува. Прво избира колкав процент од премијата ќе биде насочен на осигурување на животот, а колкав во инвестицискиот дел, и може да се движи од 20 отсто во осигурување а 80 отсто во инвестициски фонд, скалесто, па се до обратно поставено, 80 отсто во осигурување, а 20 отсто во инвестирање, повторно скалесто балансирано. Оној дел од осигурителната полиса што е наменет за инвестициски фонд е директно врзан за цената на уделите на избраниот инвестициски фонд. Производот е наменет за вложувачи кои се подготвени да прифатат распределба на ризикот преку комбинирано вложување – вложување во инвестициски фондови со цел остварување на повисок очекуван принос на вложените средства и вложување во осигурување на живот во случај на смрт и доживување со цел обезбедување на гарантирана осигурена сума. Се е во зависност од самиот граѓанин, од периодот на осигурување, начинот на плаќање, па се до конкретниот инвестициски фонд”, велат од Кроациа.

Во овој производ, самиот осигуреник избира и во кој инвестициски фонд ќе бидат вложени неговите пари, а вредноста што се исплаќа од инвестициското портфолио зависи од вредноста на уделите на денот кога завршува полисата. Осигуреникот во моментот на завршување на полисата добива загарантиран договорен износ на заштедени парични средства од полисата за животно осигурување и дополнително износ на средства еднаков на вредноста на инвестициско портфолио.

Поврзани вести

Македонската зелена идеја „Вајс адитив“ на Софија Дацева победи на регионален натпревар

Александар Петровски

Бескаматна кредитна линија Ковид 3, нова помош за стопанството

Берта Китинска

Работниците со бенифициран стаж до 30 септември да изберат дали остануваат во задолжителен пензиски фонд

Александар Петровски