Заклучно со ноември лани, ЖРСМ Транспорт превезле 234.115 патници во внатрешниот патнички сообраќај, што како последица на Kовид пандемијата е повеќе од двојно помалку споредено со 2019 година.
По регистрираните 39.628 патници во јануари 2020, 31.349 во февруари и 22.237 во март, поради пандемијата и воведени рестриктивни мерки, следеше значителен пад во април и мај, кога биле превезени вкупно 3.059, односно 9.317.
Наредните месеци се бележи зголемување, односно во јуни се превезени 15.433 патници, во јули 20.242, август 21.803.
Во септември 26.359, во октомври 25.327, во ноември 19.361.
Во 2019 година, железничкото претпријатие превезе вкупно 546.438 патници, а месечниот број тогаш тогаш се движеше меѓу 37.000 и 52.000.
Приближна бројка беше регистрирана и во 2018 и изнесуваше 534 264.