СТАНДАРД life
Фитнес

Интервју со Зафиров: Можеме да промениме сѐ, но нашето тело е единственото место каде што мораме да живееме и мораме да си го чуваме

Мотивацијата ја наоѓам да бидам подобар од тоа што бев вчера, така да тоа е моето мото. Исто така дека моето тело е единствено место каде што морам да живеам значи можеме да промениме сѐ – и држава и куќа и стан и автомобил и град, но нашето тело е единствено место каде што мораме да живееме и мораме да си го чуваме, вели во интервју за „Стандард лајф“ Тоше Зафиров, еден од најпознатите македонски бодибилдери, фитнес инструктор и претприемач.

-Мора да се посветиме на некој здрав живот за да бидеме подобри во постарите години да бидеме попродуктивни да можеме да функционираме сами. Сакам да внимавам на себе, имам свои рутини и навистина си го почитувам моето тело затоа што ако го почитувам јас, ќе ме почитува и тоа мене, вели Зафиров.

На прашањето во која улога најмногу се пронаоѓа – професионален бодибилдер, телохранител, тренер или претприемач, тој истакнува дека најмногу се пронаоѓа во улогата на татко, на родител, на сопруг.

– Тоа ми е нешто најголема одговорност која што можам да ја имам јас и која што навистина уживам во тоа татковство, во сопруг, добар татко, добар сопруг, одговорен татко, одговорен сопруг, затоа што мислам дека семејството е столбот на сè што градиме ние, низ нашиот живот, истакнува бодибилдерот.

Неодамна со јутјуберот Стефан Лазаров започна заеднички бизнис „Мистер Олимпиа Геар“, а се работи за облеката на „Мистер Олимпија“ која, според негови зборови, е навистина нешто уникатно.

– Сите знаеме што значи Мистер Олимпија, која големина е во светот на фитнесот на бодибилдингот, натпреварување коешто е започнато од далечната 65 година, луѓе како Арнолд Шварценегер, Франко Колумбо и сите тие учествувале на тоа натпреварување и сега токму ние, јас и Стефан ја имаме таа чест да работиме на „Олимпија Геар“, да соработуваме со нив, посочи тој.

Како ти почнува денот и како ти завршува? Имаш ли секојдневни навики?

– Мојата утринска рутина веќе подолго време ја практикувам и навистина сум задоволен затоа што секојдневно гледам промена кај мене. Моето станување започнува во 6 часот, отворање прозор гледање во дневна светлина 3-5 минути, 6-15 минути пијам цеден лимон, а веќе во 6 ипол часот сум на Водно каде што мојата рутина е негде 10000 поминати чекори или некаде 8 до 10 километри поминати. Потоа се враќам дома здрав оброк од здрави намирници, потоа туширање со ладна водна и потоа читање некоја добра книга и денот може да започне. За завршување на денот исто имам мои рутини коишто практикувам за да имам подобар сон така што некои 2 часа пред спиење задолжително ми е мојот последен оброк 2 часа пред спиење исто така сите мобилни, телевизори сето што ми смета ги исклучувам, исто така туширање со топла вода и навистина сонот е една од најбитните компоненти во нашиот живот и мораме да ги практикуваме овие рутини за да имаме подобар сон.

Која е инспирацијата за секојдневно вежбање?

Тоше Зафиров
Тоше Зафиров

– Мотивацијата ја наоѓам да бидам подобар од тоа што бев вчера, така да тоа е моето мото. Исто така дека моето тело е единствено место каде што морам да живеам значи можеме да промениме сѐ – и држава и куќа и стан и автомобил и град, но нашето тело е единствено место каде што мораме да живееме и мораме да си го чуваме. Така да мора да се посветиме на некој здрав живот за да бидеме подобри во постарите години да бидеме попродуктивни да можеме да функционираме сами. Сакам да внимавам на себе, имам свои рутини и навистина си го почитувам моето тело затоа што ако го почитувам јас, ќе ме почитува и тоа мене.

Која е твојата омилена храна за време на подготовките за натпревар?

– Моја омилена храна е сведена на минимум можам да кажам и тоа е пилешко месо, ориз, белки од јајца, салата, риба и многу мало количество на овошје. Така што тоа ми е некој редовен оброк за време на моите подготовки. Нормално тука се бројат калории, масти, се бројат протеини сето тоа во суштина тоа го јадам и кога не се спремам за натпреварување само што можам некогаш да си дозволам нешто и што ми сака душа, да јадам. Додека за време на подготовките тоа е навистина строго забрането, а тоа што е строго забрането, нормално, и да го сакаме, тоа се големи но добри предизвици, што покажува каков карактер сме штом можеме да ги пребродиме сите тие предизвици.

Може ли да ни кажеш повеќе за подготовките за натпревари. Како изгледаат тие?

– Моите подготовки навистина се крајно професионални пред сè морам да кажам и рано станување во 6 часот, задолжително кардио на гладен стомак околу 1 час, час и половина, некои одредени мускулни партии како стомачни мускули. Потоа оброци на секои 2 до 3 часа така до некаде во меѓувреме нормално и оние работни активности кои следуваат во текот на денот коишто мораме да ги сервисираме како што се бизнис, работа, семејство, пријатели, се она што треба. Околу 18 часот ми е вториот тежински тренинг кој трае околу 2 часа. Веднаш после него оброк, во 22 часот последниот оброк и така што потоа сме спремни за спиење.

Навистина треба да си карактер, треба да стоиш на тоа што ќе си го ветиш за да ги издржиш сите тие подготовки бидејќи понекогаш се случува да имаме до 6 натпревари во текот на годината. Тоа што значи? Дека цела година, ама баш цела година, на оние строги диети, но затоа ние сме малку, затоа на прсти се броиме и навистина треба, пред сè, да го сакаш ова, да го работиш со љубов, со крајна љубов, со преголема љубов, со желба и она што е тешко – да ти биде лесно.

По вашите стапки тргна и вашата ќерка Ангела која освои 1 место за Мис Модел Џуниор и 3 место Мис Модел Сениор, дали очекувате еден ден да ги надмине вашите достигнувања?

– Да, баш така, оваа година нашата ќерка Ангела тргна по нашите стапки што не направи посебно горди како родители нас. Освои прво место во бикини јуниор, освои трето место во бикини сениор категорија што е навистина голем успех за девојче од 16 години и како за нејзино прво натпреварување. Најважно од се и најгорд сум што покажа карактер што ги издржа сите оние тренинзи заедно кои што ги работевме, цел план што и беше препишан за исхрана. 101% се придржуваше кон тоа и навистина не прави горди родители што покажа огромен карактер и се надевам и гледам во нејзе светла иднина. Дај боже да ги постигне нашите резултати и дај боже да постигне дупло резултати.

Ние имаме веќе направено неколку годишен план со Ангела се надеваме само пред сè да не служи здравјето, полека и стрпливо ќе работиме така што некаде за 3 до 4 години мислам дека имаме големи шанси да ја гледаме Ангела на Мр. Олимпија во Америка на најпрестижниот натпревар што е во светот од областа на бодибилдингот и фитнесот. Само како што кажав, пред сè да не служи здравјето, па потоа сè друго. Со добар план, со добра стратегија ќе биде се.

Со јутјуберот Стефан Лазаров го промовирате брендот Olympiagear, можете ли да ни кажете малце повеќе за таа соработка и што планирате во иднина?

– Неодамна со Стефан Лазаров го започнавме нашиот нов заеднички бизнис „Мистер Олимпиа Геар“ се работи за облеката на Мистер Олимпија која е навистина нешто уникатно. Ја имаме таа чест токму ние да бидеме застапници за целиот Балкан. Исто така отворивме и продавница во Австрија, со моите партнери од Австрија, така што мислам дека ова ќе биде една добра приказна. Ова е нешто ново на нашиот пазар. Сите знаеме што значи Мистер Олимпија, која големина е во светот на фитнесот на бодибилдингот, натпреварување коешто е започнато од далечната 65 година, луѓе како Арнолд Шварценегер, Франко Колумбо и сите тие учествувале на тоа натпреварување и сега токму ние, јас и Стефан ја имаме таа чест да работиме на „Олимпија Геар“, да соработуваме со нивНеодамна со Стефан Лазаров го започнавме нашиот нов заеднички бизнис „Мистер Олимпиа Геар“ се работи за облеката на Мистер Олимпија која е навистина нешто уникатно, да бидеме нивни партнери и ни ја доделија одговорноста да бидеме токму ние застапници овде за целиот Балкан.

Посебно сум горд што имам партнер како што е Стефан Лазаров бидејќи е навистина еден млад дечко којшто е многу перспективен, кој сака да работи, има визија, има стратегија и заедно навистина мислам дека ќе постигнеме многу. Ова ни е навистина еден голем долгорочен план, долгорочна визија така што гледаме многу подалеку во иднината и знаеме дека ова ќе биде еден многу многу успешен проект како на Балканот така и Австрија, Германија, Швајцарија, Словенија, секаде низ Европа.

Тоше Зафиров
Тоше Зафиров

Во која улога најмногу се пронаоѓаш: професионален бодибилдер, телохранител, тренер или претприемач?

– Најмногу се пронаоѓам во улогата на татко, на родител, на сопруг, тоа ми е нешто најголема одговорност која што можам да ја имам јас и којашто навистина уживам во тоа татковство, во сопруг, добар татко, добар сопруг, одговорен татко, одговорен сопруг, затоа што мислам дека семејството е столбот на сè што градиме ние, низ нашиот живот. Така што прво би го ставил одговорен родител и сопруг, потоа претприемач, па фитнес тренер, а улогата на телохранител и слично мислам дека е одминато зад мене така што имам големи планови и визии за во иднина. Оваа година завршувам и на Славјански факултет, смер психологија, така што ќе бидам и дипломиран психолог, се надевам во брзо време и магистер по клиничка психологија така што планирам да се занимавам со тоа.

За крај, кои суплементи за слабеење би ги препорачал?

– За суплементи би порачал на сите да внимаваат како се хранат и што јадат бидејќи тоа е нешто најбитно. Најважно од се е колку трошиме а колку внесуваме во текот на денот. Уште поважно е што внесуваме во текот на денот, квалитетот на нашата исхрана бидејќи тоа е единствено гориво коешто го движи нашето тело и тоа е нешто што ни треба за сега, а исто така со кое го подготвуваме телото и за во иднина. Има многу суплементи коишто помагаат како што се „Л-карнитин“ и слични, но сепак ништо нема да помогне доколку немаме физичка активност, доколку не пазиме колку и што внесуваме во себе.

Р.Т.

Поврзани вести

Интервју со Петровски: Најчестите грешки што луѓето ги прават во исхраната е што веруваат на новокомпонирани и извикани т.н нутриционисти

Urednik

Фитнес тренерка тврди дека оваа храна ги намалува салото на стомакот и надуеноста

Radmila Tasevska

10 фитнес митови и вистини – Дали само стомачните ќе ви донесат рамен стомак, колку трчањето е лошо за колената, а јогата…

Urednik