Ако сте еден од 5,4 милиони следбеници на Никол Шерцингер, знаете дека таа не е непозната за документирање на нејзините тренинзи и споделување видеа од вежбање. Оние кои ги гледале, знаат и дека пејачката на 44 години изгледа посилно и физички подобро од било кога.
Она што може да ве изненади е дека иако таа „никогаш не земала слободен ден“ кога била дел од култната група „Пусикет долс“, нејзиниот пристап кон вежбањето сега е помалку напорен и поурамнотежен.
А на што се заснова?
1. Нејзиното вежбање трае 30-45 минути
– Правете сè во умерени количини. Не треба да се „убивате“. Кога бев дел од групата, мислев дека треба да вежбам три или четири часа дневно, седум дена во неделата, но тоа не е така. Тоа е околу 20, 30 или 40 минути. Обично правам вежби по 30 или 45 минути, три пати неделно. Го правам тоа што ми оди – вели Никол, пренесе Women’s health.
Никол исто така ја одржува својата рутина за вежбање интересна.
– Секогаш пробувам нешто ново – истакна таа.
2. Најдобри резултати
– Забележав дека како што стареам, „HIIT“ вежбите имаат поголемо влијание на резултатите. Трчам неколку минути, а потоа правам интервал за тренинг за сила. „HIIT“ тренингот ми дава навистина добри резултати кога комбинирам тегови со трчање на лента за трчање или друга форма на кардио тренинг – објаснува жешката ѕвезда.
3. Тренинг наутро
– Пред да направам било што, денот го започнувам со дваесет минути медитација и молитва. Потоа го местам креветот и пијам алкална вода. Потоа вежбам, или со мојот тренер или на машина – вели Шерцингер.