СТАНДАРД life
Храна

Едноставно, но вкусно: Италијанска летна паста што ќе ја обожавате

„Шпагети ала Нерано“ е традиционално италијанско јадење кое потекнува од југот на земјата, од живописното гратче Нерано, кое се наоѓа на брегот на Амалфи. Ова јадење за прв пат е подготвено во 1950-тите во семејниот ресторан Марија Грација, каде што комбинацијата од локални, сезонски состојки и генијалноста на кујната создале рецепт кој набрзо ги освоил срцата на локалните гости.

Ова јадење ја отелотворува едноставноста и елеганцијата на медитеранската кујна – јадење кое создава вистинско кулинарско изненадување од скромни состојки. Главната улога ја играат тиквичките, кои внимателно се пржат додека не добијат златна боја, а потоа се мешаат со специјалното сирење Проволоне дел Монако, создавајќи свиленкасто-кремаст сос.

Потребни состојки

Токму сега, кога сезоната на тиквички е во полн ек, е идеално време да ги искористите на најдобар можен начин – во ова едноставно, но исклучително ароматично јадење.

За ова јадење потребно ви е:

* шпагети
* тиквички
* лук
* сирење Проволоне дел Монако
* маслиново масло
* босилек
* сол и бибер
* путер.

Автентичниот вкус се постигнува со сирење Проволоне дел Монако, но ако не можете да го најдете, користете комбинација од добро сирење Проволоне и малку пармезан или Грана Падано. Клучот е во кремастата комбинација од скробна вода, сирење и пржени тиквички.

Како се подготвува?

Исечете ги тиквичките на тенки прстени и пржете ги во маслиново масло. Исцедете ги на хартиена крпа и додадете малку сол. Сварете ги тестенините ал денте и сочувајте малку од скробната вода од готвењето на тестенините на страна.

Загрејте малку маслиново масло во голема тава и додадете го згмечениот лук. Оставете лукот да ја ослободи својата арома, а потоа извадете го. Додадете ги пржените тиквички, неколку лажици од водата за готвење и мешајте додека тиквичките не почнат да се распаѓаат и да создаваат сос.

Додајте ги сварените шпагети во тавчето со тиквичките. Мешајте на тивок оган и полека додадете рендано сирење и уште малку вода за готвење, а потоа мешајте додека не добиете кремаст сос. По желба, додадете парче путер.

Додајте сечкан свеж босилек и свежо мелен пипер. Доколку е потребно, додадете уште сол. Сервирајте топло.

На здравје!

Поврзани вести

Посни крофни од рерна

Urednik

Плескавици од зеленчук и печурки повкусни од месо

Urednik

Пилешки бургер од тофу сирење со домашна земичка

Urednik