СТАНДАРД life
Храна

Пилешко со зеленчук и тестенини

Рецепт за јадење со месо кое може брзо да се подготви.

Состојки:

– 200 гр шпагети

– 400 гр мисиркини гради

– 3 лажици вино

– 1/2 лажичка ѓумбир во прав

– 1 лажица суви зачини, масло

– 3 лажици соја сос

– 150 гр слатка пченка

– 100 гр боранија

– 100 гр црвен пипер

– 100 гр кромид

– 2 чешниња лук

– 100 гр моркови

– 1 лажица цветен мед

Подготовка: Сварете ги шпагетите и исцедете ги. Белото месо од мисирка исечкајте го на парчиња. Исчистете го, измијте го и исечете го зеленчукот на ленти.

Боранијата и пченката исечкајте ги.

Во тефлонска тава на загреано масло пропржете го месото и тргнете го на страна. На истото масло пропржете го зеленчукот и ситно сечканиот лук.

Кога ќе биде готово, вратете ги месото, сварената боранија и пченката. Додадете зачини, соја сос, ѓумбир, мед, вино и гответе уште малку.

Сварените шпагети измешајте ги во половина од приготвеното месо и зеленчук, па врз нив премачкајте го остатокот од зеленчукот и месото и послужете ги топли.

Пријатно!

Поврзани вести

Телешки медалјони во вински сос за најпребирливите непца

Urednik

Дали знаете како правилно да го исечете сирењето?

Radmila Tasevska

Сочен колач со прелив од портокал

Radmila Tasevska