Во текот на зимата многу домаќинки подготвуваат различни јадења, особено печива, а крофните се незаменлив деликатес. Невозможно е да им се одолее, а изборот со што да ги наполните е навистина разновиден. Рецептот за крофни е горе-долу сличен на сите што го подготвуваат, а овој подолу е посебен.
Како што почна постот, избравме посен рецепт за крофни со додавање кисела вода. Сигурно е дека ќе ви се допадне.
Состојки:
* 500 гр бело брашно
* 1 кесичка сув квасец
* 150 мл млака вода
* 200 мл кисела вода
* 3 лажици масло
* 2 лажици кафеав шеќер
* 1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка:
Во топла вода се додаваат квасецот, шеќерот и една лажица брашно, се меша и се остава квасецот да се активира околу 10 минути. После тоа, додадете масло, кисела вода и ванилин шеќер. Добро измешајте, па додадете го преостанатото брашно. Замесете тесто и оставете го настрана на топло место додека не се удвои.
Кога ќе видите дека тестото нараснало, наросете ја работната површина со брашно и со сукало развлечете го тестото. Крофните обликувајте ги со калап или чаша и вадете ги од калапот.
Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да нараснат уште 15 минути. Премачкајте ги со масло, а можете хартијата и малку да ја намачкате со масло.
Добро загрејте ја рерната, потоа ставете го плехот и печете на 180 степени околу 25 минути. Ќе видите кога ќе добијат златно кафеава боја.
Се полнат со фил по желба.
На здравје!