Ситните колачи се украс на секоја трпеза и потрудете се оваа година да ја разубавите вашата празнична трпеза со необични задоволства кои ќе ги остават сите без зборови.
Ви пренесуваме вкусен рецепт – корпи од бисквити, полни со фил од ванила и сезонско овошје. Овие мали колачи се вкусни, а можат да бидат и мрсни и посни.
Ако сакате посна варијанта, заменете го путерот со маргарин, користете посен бисквит, а филот можете да го направите од пудинг од ванила што не е сварен (само изматете го со растително млеко).
Состојки:
* 180 гр бисквити (може да се користи и мелена плазма)
* 60 гр печени кикирики
* 50 гр путер
За полнење:
* 250 мл млеко
* 15 гр путер
* 40 гр шеќер
* 2 жолчки
* 15 гр пченкарен скроб
* 1 лажичка екстракт од ванила
Како се прави, погледнете од видеото подолу: