СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Абу Даби цели на водородот како гориво за иден извоз

Три најголеми компании поддржани од владата во Абу Даби се согласија да работат заедно за да го претворат емиратот богат со нафта во извозник на син и зелен водород.

Mubadala Investment, Abu Dhabi National Oil и ADQ склучија сојуз за производство на водород користејќи природен гас и обновливи извори на енергија. Произведениот водород ќе се нуди во странство, како и во Обединетите Арапски Емирати, се вели во соопштението на ADQ, цитирано од „Блумберг“.

За син се смета водородот, произведен од фосилни горива, како што е природен гас, но прочистен од СО2 со употреба на технологии за зафаќање и складирање на јаглерод. Од друга страна, зелениот водород се произведува со електролиза од ветер и сончева енергија.

Некои земји од Блискиот исток кои го градеа своето богатство на нафта, сакаат да развијат водород како гориво, со оглед на промената на расположението кај некои од нивните купувачи кон помалку загадувачки алтернативи на суровата нафта. Министерот за енергетика на Саудиска Арабија изјави дека сака кралството – најголемиот извозник на нафта во светот – да стане најголемиот снабдувач на водород во светот.

Како и Саудиска Арабија, Абу Даби произведува природен гас што би можел да го искористи за производство на таканаречен син водород. Исто така, има доволно сонце што може да го искористи за да развие варијанта наречена зелен водород. Абу Даби е главен град и најголем емират во ОАЕ.

Поврзани вести

„Aдмирал“ донираа медицинска опрема во вредност од 20.000 евра на општа болница во Гостивар

msp-admin

Четвртиот сет на мерки до крајот на неделава, најави Бектеши

Берта Китинска

ФИТР: 203 стартапи продолжуваат во следна фаза на јавниот повик Стартапувај 2

msp-admin