СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Амазон“ и „Гугл“ под истрага поради лажни оценки на производи

Британскиот регулатор на конкуренција отвори официјална истрага за да утврди дали „Амазон“ и „Гугл“ презеле доволно мерки за борба против лажните оценки на производите.

Управата за заштита на пазарната конкуренција (ЦМА) соопшти дека ќе собере повеќе информации за да одлучи дали компаниите го прекршиле законот за потрошувачи со тоа што не презеле доволно сеопфатни мерки за заштита на клиентите. Првичната истрага на ЦMA, започната во мај 2020 година, ги анализираше внатрешните системи и процесите на неколку платформи за идентификување и решавање на нарачани оцени на производите, пренесува „Хина“.

„Загрижени сме што читањето фалсификувани оцени може да доведе милиони купувачи на интернет до погрешни заклучоци и потоа да потрошат пари врз основа на тие препораки“, рече извршниот директор на ЦМА, Андреа Косели.

Регулаторот денес рече и дека е загрижен што системите на „Амазон“ не успеале соодветно да спречат манипулација со рангирање на производи и да ги одвратат дилерите од ваквите практики.

„Едноставно не е фер ако некои компании фалсификуваат оцени што им дава на нивните производи или услуги пет sвезди и со тоа видно место на рангирањето, додека компаниите што го почитуваат законот губат“, додаде Косели.

ЦMA минатата година презеде акција за ограничување на трговијата со оцени на производи, што резултираше во отстранување на одредени групи од Фејсбук, Инстаграм и eBay и забрана за поединци кои купуваат и продаваат оценки на нивните страници.

Регулаторот нагласи дека сè уште не одлучил дали „Амазон“ и „Гугл“ го прекршиле законот за заштита на потрошувачите. Доколку заклучи дека го сториле тоа, може да преземе мерки кои се движат од барање од компаниите формално да се посветат на промена на политиката според нарачаните оценки до судски постапки. „Амазон“ соопшти дека ќе продолжи да ѝ помага на ЦМА во истрагата.

„Ние сме одлучни да ја заштитиме нашата трговија и ќе преземеме чекори за запирање на лажните рецензии, без оглед на големината и локацијата на оние кои го прекршиле законот“, рече портпаролот.

„Гугл“ не одговори веднаш на барањето да даде коментар за истрагата.

Поврзани вести

Лагард: Најмногу се плашам дека некои земји-членки на ЕУ ќе ги укинат стимулативните мерки

Влатко Зорба

Сè повеќе „шефици“ во Македонија

msp-admin

На вистинско место во вистинско време: Индустрии на кои короната позитивно влијаеше

msp-admin