СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ангеловска: МојДДВ МојаНаграда се адаптира на Ковид-19 состојбата

Поголем број на дневни награди од 1.000 ден. за сите оние кои скенираат сметки и придонесуваат во борбата против сивата економија, променети износи на награди за месечните и главното извлекување, најави министерката за финансии,Нина Ангеловска.

Од јули до декември:

* Поголем број помали дневни награди – наместо 10 дневни награди по 1000 ден, 2000 ден. и 3000 ден. ќе се доделуваат x30 награди секој ден од по 1000 ден.

* Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена – ќе се доделуваат x15 награди од по 20.000 ден. (наместо 100.000 ден.).

* Месечното извлекување за јули ќе се изврши согласно постојните правила! на 4 Јули ќе се одржи извелкувањето за 15 награди од по 100.000 денари во кое учествуваат сите скенирани фискални сметки во месеците април, мај и јуни.

* Главното извлекување 19 Декември ќе се доделат 1.000.000 денари (наместо иницијално предвидените 3.000.000 ден.)

Со оваа измена ќе се доделат повеќе награди на повеќе граѓани кои скенираат сметки и учествуваат во борбата против сивата економија и воедно ќе се овозможи 9.7 милиони денари од наградниот фонд да бидат донирани кон солидарниот ковид фонд за социо-економски мерки за справување со кризата.

Купувајте македонски производи, скенирајте, остварете поголем поврат на ДДВ, Добијте шанса за награда… и придонесете во ревитализирање на македонската економија, додава Ангеловска

Поврзани вести

Google и ЕУ ќе се објаснуваат на суд за улогата на компанијата во Интернет просторот

msp-admin

Visa и Mastercard се повлекуваат од Libra?

msp-admin

Милиони поранешни гости го тужат хотелскиот ланец Marriott

msp-admin