СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple ќе инвестира 3,6 милијарди долари во производство на електрични автомобили со Kia

Акциите на јужнокорејската Kia пораснаа во средата за 14,5 проценти, откако локалните медиуми објавија дека американскиот гигант Apple ќе инвестира 4 трилиони вони или 3,6 милијарди долари, како дел од партнерството за заеднички развој на електрични автомобили.

Технолошката компанија планира да започне производство со Kia и да прави свои автомобили во фабриката на корејската марка во Грузија. Ова го изјави агенцијата DongA Ilbo, цитирана од Bloomberg.

Според информациите, двете компании ќе потпишат договор на 17 февруари, а Apple ќе може да ги претстави своите први автомобили во 2024 година. Технолошкиот гигант цели
првично да достигне капацитет од 100.000 возила годишно. Засега, претставниците на производителот на автомобили, како и на Apple, одбија да ја коментираат оваа тема.

Пред еден месец имаше коментари дека Hyundai, матичната компанија на Kia, е во рани разговори со Apple за развој на автономни електрични возила. Hyundai излезе со официјален став, во кој само се вели дека добиле предлози за партнерство од повеќе компании, но засега не е донесена конечна одлука.

Со години, темата за електрични автономни автомобили не е непозната на Apple. За последен пат на крајот на минатата година, извори на Ројтерс објавија дека технолошкиот гигант има за цел да го претстави својот автомобил до 2024 година.

Hyundai, од своја страна, наесен објави дека планира да инвестира 37 милијарди долари во изградба на ваков модел до 2025 година.

Поврзани вести

Корисниците масовно го бришат WhatsApp, компанијата ги одлага најавените измени

Влатко Зорба

КУБА ИМА НОВ ЕКОНОМСКИ ПЛАН: Ќе овозможи отворање на бројни приватни компании

Влатко Зорба

Ненадејна понуда за „Carrefour“

Влатко Зорба