СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple Watch продолжува да ја предводи глобалната продажба на паметни часовници

Според најновиот извештај на „Counterpoint Research“, кога станува збор за испорака на паметни часовници во периодот октомври-декември 2020 година, Apple сè уште е водечка компанија во овој сегмент.

Пазарот на паметни часовници забележа зголемување од 1,5% во вкупните пратки во споредба со истиот период во 2019 година, а самиот Apple освои 40 проценти од уделот на пазарот. Samsung е на второто место, со 10% удел на пазарот, следен од Huawei (8%). Топ 5 листата на брендови за паметни часовници ја комплетираат Fitbit (7%) и групацијата BBK (6%).

Новиот извештај посочува дека Apple Watch Series 6 и Watch SE заедно продале 12,9 милиони единици во текот на последниот квартал на 2020 година. Samsung ги постигна најдобрите резултати со моделот Galaxy Watch3. Huawei и Honor забележаа најголем годишен раст.

Минатиот месец, Apple оствари достигнување од над 100 милиони испорачани Apple Watch. Според „Counterpoint“, глобалниот пазар на паметни часовници расте и во просечната продажна цена на брендовите како Apple, Samsung и Huawei.. Овој тренд се очекува да продолжи во текот на 2021 година.

Поврзани вести

ЕУ подготвена да разговара за укинување на патентите за вакцини

Веб страницата на ФИТР цел на хакерски напад

msp-admin

Како до стипендија на Меѓународниот балкански универзитет?

msp-admin