Милијардерот Елон Маск повеќе не е втор најбогат човек во светот, пренесе „Бизнис денес“.
Од понеделникот, сопственикот на „Тесла“ загуби 3,2 милијарди долари на берзата – акциите на компанијата паднаа за 2,2 проценти.
Така, богатството на Канаѓанецот падна на нешто повеќе од 160 милијарди долари (131 милијарда евра). Од јануари, неговото богатство е намалено за дури 24 проценти.
На списокот беше престигнат од шефот на модната компанија Луј Витон, Французинот Бернард Арно.
Несомнено, најбогата личност на планетата е сопственикот на компанијата Амазон, Џеф Безос.