СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бајден против Северен тек 2: „Гасоводот е лоша работа за Европа“

Претседателот на САД, Џо Бајден смета дека гасоводот „Северен тек 2“ е „лоша работа за Европа“ и најавува дека неговата администрација ќе разгледа ограничувања за тој проект, објави Белата куќа.

„Ние сè уште мислиме, претседателот сè уште смета дека „Северен тек 2“ е лоша работа за Европа“, рече секретарот за односи со јавност во Белата куќа, Џенифер Псаки, на дневниот брифинг со новинарите.

Таа додаде дека администрацијата ќе ги „прегледа“ ограничувањата опфатени со законот за годишен буџет за одбрана, кој беше усвоен на 1 јануари.

Санкциите на САД се однесуваат на сите компании кои и помагаат на руската државна енергетска компанија Гаспром, која го води проектот, во поставување цевки, обезбедување бродови или опрема за тестирање.

Администрацијата на Трамп, како и администрацијата на Обама пред неа, се спротивставија на изградбата на овој гасовод, со образложение дека тоа ќе го зајакне економското и политичкото влијание на рускиот претседател Владимир Путин врз Европа.

Бајден, кој служеше како потпретседател на САД за време на мандатот на Барак Обама, исто така беше против овој проект, кој го заобиколува транспортот преку Украина и ја лишува земјата од профитабилен данок за транзит.

Русија и Германија се експлицитни во ставот дека гасоводот „Северен тек 2“ е чисто комерцијален проект.

Поврзани вести

Дигиталната претпазливост им помага на родителите да ги заштитат децата од можни закани преку Интернет

msp-admin

Македонците се најскромни во регионот – очекуваат плата од 524 евра

msp-admin

Од „бебе од контејнер“ до милионер

msp-admin