СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Безос го поддржува предлогот на Бајден за зголемување на даноците на компаниите

„Амазон“ го поддржува предлогот на администрацијата на Џо Бајден за зголемување на даноците на компаниите со цел финансирање на инфраструктурни проекти, изјави сопственикот на најголемиот онлајн трговец – Џеф Безос по критиките од Белата куќа, Конгресот и на социјалните мрежи

„Ние го поддржуваме фокусот на администрацијата на Бајден за инвестирање во инфраструктурата во САД. Разбираме дека за ова ќе бидат потребни отстапки од разни страни и го поддржуваме зголемувањето на даноците за корпорациите“, напиша Безос во блог, пренесува „Гласот на Америка“.

Неговата компанија е мета на критики затоа што со години плаќа многу мал федерален данок или воопшто не плаќа.

Белата куќа не ја коментираше изјавата на Безос.

Американскиот претседател Бајден предложи даноците на корпорациите да се зголемат на 28 проценти од сегашните 21, како и да се пополнат празнините во законот што им овозможува на најбогатите да не плаќаат даноци.

Американскиот претседател рече дека „Амазон“ е една од 500-те компании кои користат разни „дупки“ во законот за да не плаќаат ниту еден процент од федералниот данок на доход, за разлика од семејствата кои плаќаат повеќе од 20% од годишната плата на име на тој данок.

„Амазон“ не плати федерален данок во 2017 и 2018 година, а во 2019 година објави дека должи 162 милиони долари, додека во 2020 година данокот изнесуваше 1,835 милијарди долари.

Поранешниот претседател Доналд Трамп ги намали даноците за корпорациите од 35 на 21 процент, а исто така вети дека ќе започне инфраструктурни проекти, што не се случи.

Американската трговска комора го нарече предлогот на Бајден за зголемување на данокот „опасно погрешен“ и оцени дека тоа ќе го забави закрепнувањето на економијата и ќе ја ослаби американската конкурентност на глобално ниво.

Поврзани вести

Сè повеќе плаќаме со мобилен телефон

msp-admin

ФИТР ќе ги објави резултатите од „Стартапувај 2″

Закерберг најави ревидирање на правилата на Фејсбук

msp-admin