На крајот на минатата година ви кажавме дека првите 3 најбогати луѓе во светот не плаќаат данок.
Ова е затоа што Џеф Безос и Бил Гејтс живеат во државата Вашингтон, каде што не се оданочуваат приходите на физички лица.
Од своја страна, Елон Маск се пресели од Калифорнија во Тексас, каде исто така нема данок на доход.
Сепак, тој факт наскоро може да се смени, бидејќи државата Вашингтон размислува да донесе закон со кој ќе се оданочуваат сите луѓе што живеат на нејзина територија со богатство од над една милијарда долари.
Ако измената и дополнувањето на законот стане факт, тоа ќе значи дека Безос ќе мора да плати скоро 2 милијарди долари во форма на данок на богатство. И тоа не е сè – износот ќе се плаќа годишно.
Вкупно 97% од овие даночни приходи се очекуваат од само четворица милијардери – Џеф Безос, Бил Гејтс, поранешната сопруга на Безос, Мекензи Скот и поранешниот извршен директор на Мајкрософт, Стив Балмер.
Безос, кој во моментов има богатство од скоро 200 милијарди долари, ќе и должи на државата 2 милијарди долари, додека Гејтс ќе треба да плати 1,3 милијарди долари, што е 1% од неговите 130 милијарди долари.
Балмер и Мекензи Скот годинава ќе треба да се разделат со 870 милиони, односно 600 милиони долари.
Секој од овие милијардери може да го избегне овој данок ако го продаде својот главен дом и да не поминува повеќе од 182 дена годишно во државата Вашингтон, според Tax Foundation.
Ќе останат шест држави во САД, каде не се плаќаат даноци на приходи, доколку Вашингтон одлучи да ја изгласа измената на законот.
Тоа се Тексас, Алјаска, Флорида, Невада, Јужна Дакота и Вајоминг. Две други држави, Њу Хемпшир и Тенеси, не оданочуваат приходи, но овие две држави имаат данок на дивиденда и приход од камата.