Основачот на Амазон, Џеф Безос, ќе лета во вселената следниот месец со својот брат, во првиот вселенски лет на неговата ракетна компанија „Blue Origin“, објави милијардерот.
„Дури и кога имав пет години, сонував да патувам во вселената и на 20 јули ќе одам на тоа патување со мојот брат“, рече Безос на Инстаграм.
Blue Origin го затвори првиот круг на апликации минатиот месец и доби повеќе од 5.200 понуди од 136 земји, соопшти компанијата, но не објави повеќе детали.
Во моментов, најголемата понуда во вториот круг на регистрации на летови е 2,8 милиони долари, според веб-страницата на компанијата.
Процесот ќе трае до 10 јуни, а завршната фаза ќе заврши на 12 јуни.
Компанијата планира да го изврши својот прв суборбитален лет со својот вселенски брод на 20 јули, што ќе биде пресвртница во конкуренцијата за правење на своето прво приватно комерцијално патување во вселената.
Ројтерс во 2018 година објави дека „Blue Origin“ планира да им наплати на патниците најмалку 200.000 долари за ова патување, засновано врз плановите на ривалот на Безос, милијардерот Ричард Бренсон, сопственик на Virgin galactic.