Минатогодишните предвидувања за забрзано воведување на 5G функционалност во областа на мрежите и уредите се остварија, па бројот на глобални 5G претплати ширум светот достигна 200 милиони, додека беа изградени дури 800.000 5G локации.
Благодарение на примената на оваа технологија, целокупното корисничко искуство е подобрено повеќе од десет пати, беше истакнато за време на онлајн конференцијата пред најголемиот глобален настан „Мобилен светски конгрес Шангај 2021“ од областа на информатичката технологија, кој трае до 25 февруари.
Според Ријан Динг, извршен директор и претседател на деловната група „Кариер“, Хуавеи разви 300 нови мрежи во повеќе од 170 земји во текот на пандемиската година, проширувајќи го својот бизнис со 22 милиони нови корисници на безжичнаt мрежа.
Како што беше истакнато, 5G станува дел од основните производствени процеси во индустријата, а 5G апликациите се применети во повеќе од 20 индустрии, како што се производството, здравството, образованието и логистиката.
Исто така беше истакнато дека 5G се развива побрзо од очекуваното. Имено, повеќе од 140 комерцијални 5G мрежи се распоредени во 59 земји, а повеќе од 50 проценти од нив ги направи Хуавеи.