СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бугарски компании влегуваат во Северна Македонија и покрај политичките тензии

Политичките тензии меѓу Бугарија и Северна Македонија не влијаат на деловните односи меѓу двете земји. Ова го изјави Симона Парванова, менаџер во Cushman&Wakefield/FORTONMKA, во емисијата „Бизнис старт“ на „Блумберг“.

Парванова работи во Скопје повеќе од 2 години во областа на недвижен имот, а компанијата е единствената со меѓународна лиценца во овој сектор.

„Нема тензија, напротив – има неколку бугарски компании кои влегуваат на македонскиот пазар оваа година. Најчесто се поврзани со ИТ индустријата и трговијата. Во приватниот сектор не чувствуваме никакви тешкотии и негативни реакции од нашите деловни партнери“, рече таа.

Прванова рече и кои се дел од бугарските компании кои веќе успешно работат на македонскиот пазар.

„Компаниите што веќе работат тука се „Musala Soft“ и „Melon“. Покрај тоа, во 2019 година, „ScaleFocus“ потпиша петгодишен договор со македонската влада за експертиза. За тоа време, компанијата, заедно со македонската држава, ќе инвестира околу 45 милиони евра, од кои повеќе од 30 милиони евра ќе бидат вложени во плати за вработените во компанијата, што ќе бидат околу 300 лица“.

Ланецот оптики „Grand Optics“ исто така влегува на македонскиот пазар, а истата желба ја имаат и аптеките „Subra“. Според Пaрванова, најголемата грижа за бугарските компании да направат чекор кон македонскиот пазар е поврзана со царините и акцизите.

„Постои договор со Европската унија, но тарифите сè уште се релативно високи во споредба со оние во рамките на ЕУ, а режимот за давање дозволи за трговија е малку побавен и може тоа да запре некои бизниси“, додаде таа.

Според неа, на Македонија и недостигаат бугарски модни брендови и бизниси кои служат за забава, наведувајќи ги како примероци „Playground“ и „Walltopia“.

Поврзани вести

Apple подготвува нов „Mac“ со свој процесор

msp-admin

Huawei ќе развива паметни патишта

Влатко Зорба

Над 187.000 граѓани потрошиле 10.7 милиони евра со домашните платежни картички

msp-admin