Германскиот автомобилски гигант „Volkswagen“ донесе одлука да се „ослободи“ од поголемиот дел од сопственоста во „Bugatti“. Иако ова се знаеше и досега, деновиве се откриени детали за целата зделка.
„Bugatti“ најпрво ќе стане сопственост на познатиот производител на спортски автомобили од Штутгарт, Porsche, по што компанијата (како дел од концернот VW) треба да формира заедничка компанија со хрватската компанија Rimac Automobili.
„Bugatti“ тогаш треба да стане мнозински сопственик на Rimac, додека помал сопственички удел би останал во сопственост на Porsche. Во меѓувреме, Porsche неодамна го зголеми својот удел во хрватскиот производител на хиперспортски електрични автомобили на 24 проценти.
Деталите за бизнис аранжманот за „Porsche“ ги презентираше за британски магазин „Автокар“, првиот човек на „VW“, Херберт Дис, кој сепак спомена дека се уште се разгледува такво решение.
И покрај глобалното признание и традицијата долга 112 години, се чини дека часовникот на „Bugatti“ полека отчукува. Компанијата минатата година продаде 77 автомобили. Во ерата на се поизвесна целосна транзиција кон електрични и други еколошки возила, се чини дека има сè помалку простор за супер спортски автомобили со моќни бензински мотори од огромен обем.
Таквиот бренд треба да создаде нова иднина, во која компанијата Rimac со својот напреден електричен погон би можела да игра голема улога, наведуваат хрватските медиуми.