СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Цените на нафтата пораснаа за 8 проценти во јануари

На светските пазари, цените на нафтата минатата година останаа практично непроменети бидејќи надежите на трговците беаа во брзо закрепнување на економиите од корона-кризата, додека цените се зголемија за скоро 8 проценти во текот на јануари.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела остана речиси непроменета, на 55,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот ја заврши неделата на приближно 52,30 долари.

Во текот на јануари, цените на нафтата пораснаа скоро 8 проценти, благодарение на нивниот скок во првите две недели од оваа година, благодарение на надежите на трговците за забрзување на заздравувањето на економиите од корона-кризата.

Но, цените стагнираа во последните неколку недели, бидејќи надежите опаднаа, со оглед на натамошното ширење на коронавирусот ширум светот и бавното темпо на процесот на вакцинирање против вирусот, оставајќи многу земји во светот, пред се во Европа, да ги задржат ограничувачките мерки подолго од предвиденото.

И тоа ќе го забави закрепнувањето на економиите, а со тоа и побарувачката на нафта.

„Ограничувањата на страната на побарувачката поради мерките за заклучување се компензираат со доволно намалување на понудата, што го попречува значителниот пад и порастот на цените“, рече аналитичарот на „Комерцбанк“, Карстен Фрич.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници се координираат да го намалат снабдувањето за 7,2 милиони барели на ден за да се усогласат со намалената побарувачка за време на пандемијата на коронавирус.

Во јануари, членките го дисциплинираа договорот, а Саудиска Арабија објави дека ќе го намали производството за дополнителни милиони барели на ден во февруари и март.

Поддршката на цените беше обезбедена и од падот на залихите на нафта во САД минатата недела, како и проценките дека производството на САД треба да падне малку во февруари.

Од друга страна, растот на цените е ограничен како резултат на натамошното ширење на коронавирусот и појавата на нови видови и проблеми во спроведувањето на вакцинацијата против Ковид-19.

„Очекуваниот раст на глобалната побарувачка на нафта во голема мера зависи од темпото на дистрибуција на вакцините против Ковид-19. Секое забавување на програмите за вакцинација ќе ја поткопа силата на обновувањето на глобалната побарувачка на нафта“, рече Стивен Бренок од PVM.

Анкета на Ројтерс покажува дека аналитичарите очекуваат цените на нафтата да се движат на сегашните нивоа во поголемиот дел од оваа година, додека до крајот на годината закрепнувањето на економиите треба да добие замав, што исто така ќе ја зголеми побарувачката за нафта.

Минатата година, поради корона-кризата, цените на нафтата паднаа за повеќе од 20 проценти.

Поврзани вести

Поранешната сопруга на Безос донирала 1,7 милијарди долари за добротворни цели

msp-admin

Авиокомпаниите ќе можат да користат ковид-пасоши

Влатко Зорба

Црна Гора добива stablecoin: „Perper“ за поголема ликвидност на банките и раст на БДП

Влатко Зорба