Црна Гора увезила вода вредна 54 милиони евра за шест години, иако самата има извори што се на самиот врв во Европа според квалитетот на водата, пишува „Дневне новине“.
„Убедливо најмногу вода е увезено од Србија. Само во 2020 година, ние увезевме 1,6 милиони евра негазирана и 4,1 милиони евра газирана вода од Србија”, наведува весникот, повикувајќи се на Заводот за статистика на Црна Гора (Монстат).
Додадено е дека во 2020 година Црна Гора увезла вкупно 8.930 тони негазирана вода, 5.730 тони или 39,1 процент помалку од претходната година или 1,2 милиони евра (38,9 проценти) помалку од 2019 година.
„Во исто време, имаше пад на увозот на газирана вода за 12.332 тони (39,4 проценти), или помалку за 3,3 милиони евра (42,8 проценти)“, пишува Монстат.
Во Црна Гора во моментов има седум постројки за флаширање вода, што, како што е оценето во текстот, значи дека оваа земја може да биде значаен извозник на овој ресурс.
„Имајќи предвид дека во светот денес има сè поголем недостиг на вода, Црна Гора се појавува како потенцијално многу важен извозник на вода за пиење, во однос на квантитетот и квалитетот на водата. И покрај значителниот потенцијал, само одреден број извори ги исполниле барањата во врска со можноста за користење вода преку флаширање како трпезариска вода“, објаснија од „Монстат“.