СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Десетте најголеми економии во светот пред пандемијата и сега

Пандемијата Ковид-19 го разниша рангирањето на најголемите светски економии, туркајќи многу земји во најлоша економска рецесија во поновата историја.

САД, Кина, Јапонија и Германија продолжуваат да се рангираат во првите четири како најголеми светски економии, додека некои одделни економии напредуваа или опаѓаа на рангирањето како резултат на пандемијата.

Една земја испадна од првите 10, според анализата на CNBC, направена врз основа на економски проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесе Танјуг.

Американската ТВ станица ги спореди земјите според номиналниот бруто домашен производ (БДП) од 2019 година, изразени во долари, со проценките на БДП за минатата година од извештајот на ММФ „Светски економски изгледи“.

Сè уште е водечка позиција на САД

Номиналниот БДП ја проценува пазарната вредност на сите готови производи и услуги произведени во една економија за една година, но не ги зема предвид трендовите на инфлација и затоа може да ја прецени или потцени реалната економска вредност, се додава во извештајот.

Соединетите држави ја задржаа водечката позиција на списокот на топ 10 економии во светот, при што номиналниот БДП падна на 20,9 трилиони долари минатата година, од 21,4 трилиони долари претходната година.

Наспроти тоа, второпласираната Кина минатата година забележа номинален раст на БДП од 14,7 трилиони долари од 14,3 трилиони долари една година порано.

Јапонија остана трета по големина економија во светот во 2020 година, со БДП проценет на 5.000 милијарди американски долари (5,1 трилиони долари во 2019 година), додека Германија се најде на четвртото место, чија економија задржа вредност од 3.800 милијарди долари.

Индија, петта најголема светска економија во 2019 година, падна на шестото место минатата година, зад Велика Британија, иако споредбените податоци покажуваат дека БДП на двете земји паднале од 2,8 трилиони долари пред две години на 2,7 трилиони долари минатата година.

Бразил испадна од најдобрите десет

Седмата позиција се уште ја држи Франција, со номинален БДП од скоро 2,6 трилиони американски долари (2,7 трилиони долари во 2019 година), а осмата е Италија, со вредност на економијата од приближно 1,9 трилиони долари (2 трилиони долари во 2019 година).

Бразил, кој беше деветта по големина глобална економија во 2019 година, испадна од првите десет, отстапувајќи место на Канада, чиј минатогодишен БДП беше проценет на 1.600 милијарди (1.700 милијарди долари претходната година).

Јужна Кореја влезе во ранг-листата како 10-та најмоќна економија во светот, со БДП од 1.600 милијарди долари во 2020 година.

Поврзани вести

Кои земји се најотпорни на криза?

msp-admin

Маск во Берлин: Сè поретко ќе се случува некој да вози автомобил сам

msp-admin

Црногорците инвестираат во нов вид извор на енергија

Влатко Зорба