СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК: Владата со новиот пристап на надомест на штетите и загубите поради пандемијата преќутно ги прифати нашите сугестии

„Континуираното медиумско укажување од страна на Независната угостителска комора на Владата за несоодветните и селективни мерки за угостителите и угостителската индустрија конечно вроди плод. Благодарение на медиумите за помошта и поддршката во исправања на неправдата нанесена на угостителската индустрија донесените мерки наликуваат на вистинските мерки за реална рамноправна и неселективна неповратна финансиска помош за сите угостители и угостителски работници. Да не се заборави дека со 6-тиот пакет мерки треба да бидат делумно опфатени и угостителските објекти со шифрата 55.10 кои во своето работење имаат угостителски дел за исхрана (ресторани) кои исто така за периодот кој се однесува мерката се затворени“, соопштуваат од Независната угостителска Комора.

„Едно е факт, Владата со новиот пристап на надомест на штетите и загубите како резултат на носењето на рестриктивни мерки со кои се забранува или ограничува работењето на угостителските објекти конечно преќутно ги прифати континуираните сугестии и препораки на Независната угостителска комора и донесе посебен сет 6-ти мерки наменет за угостителската индустрија кои мерки полека се приближуваат до реалните и неопходните мерки неопходни за спас и одржување на угостителскиот бизнис во нашата држава.

Во очекување на објавување на одлуката со правилниците и упатствата за начините на користење на 6тиот сет економски мерки кои се надеваме дека во целост ќе поистоветуваат со презентираните начини на надомест на штетите за угостителите Независната угостителска комора согласно објавата направи симулации на кои угостителски сектори колку ќе му биде распределено.

Кафетерии

Доколку една кафетерија со просечен број од 5 пријавени вработени во 2019 година правела просечен дневен промет од 40.000 денари, а во 2020 година 20.000 денари за периодот од 21 ден согласно мерка 3 од 6тиот сет мерки ќе добие неповратна финансиска помошо за надомест на штета во висина од 286.000 денари

Ресторани

МАЛ РЕСТОРАН: Доколку еден мал ресторан со просечен број од 8 пријавени вработени во 2019 година остварувал просечен дневен промет од 60.000 денари, а во 2020 година 30.000 денари за периодот од 21 ден согласно мерка 3 од 6-тиот сет мерки ќе добие неповратна финансиска помошо за надомест на штета во висина од 405.000 денари

СРЕДЕН РЕСТОРАН: Доколку еден сериозен среден ресторан со просечен број од 20 пријавени вработени во 2019 година остварувал просечен дневен промет од 100.000 денари, а во 2020 година 60.000 денари за периодот од 21 ден согласно мерка 3 од 6-тиот сет мерки ќе добие неповратна финансиска помошо за надомест на штета во висина од 808.000 денари

Ресторан за настани (свадби, прослави, настани и слично)

Доколку еден ресторан за настани (свадби, прослави, настани и слично) со просечен број од 20 пријавени вработени во 2019 година организиран 20 настани месечно со 200 луѓе и просечно мени од 930 денари (15 евра) по лице согласно мерка 4 од 6-тиот сет мерки треба да добие неповратна финансиска помошо за надомест на штета за овие 21 ден во висина од 1.272.600 денари

Ноќни клубови

Ноќен клуб кој може да прими до 300 гости со просечен број од 10 пријавени вработени во 2019 година кој работел само петок, сабота месечно со просечен промет од 150.000 денари од вечер согласно мерка 4 од 6-тиот сет мерки треба да добие неповратна финансиска помош за надомест на штета во висина од 435.500 денари

Се надеваме дека симулациите на пресметките ќе коренсподираат со спроведувањето на 6-тиот сет мерки.

Она што Владата не смее да го заборави е дека целокупната угостителска индустрија трпи континуирани штети од ограничувањето на работното време и посебните протоколи за работа со кои се преполовени можностите за прием на гости со што целокупниот период од Март 2020 година генерира смалени приходи и загуби“, посочуваат од НУК

Поврзани вести

Продолжен рокот за аплицирање на јавниот повик за „старт-ап“ и „спин-оф“ компании

Берта Китинска

Транспортерите бараат посебни пунктови за корона-тестови и продолжен рок за регистрација

Осигурителните компании кои оствариле добивка лани да не делат дивиденда, бара АСО

Влатко Зорба