СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Деспотовски: Државата дава поддршка за младите, целта е да останат тука и своите бизнис идеи да ги реализираат во земјава

Оваа држава дава и можност и поддршка за младите. Целта е тие да останат тука и своите бизнис идеи да ги реализираат во земјава, рече денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски, по презентацијата на новооснованите компании од 22-те успешни деловни приказни поддржани преку Програмата за самовработување.

Како што беше нагласено на промоцијата, оперативните мерки за вработување веќе трета година се адаптираат на потребите на општеството и се поттик за почнување бизниси.

-Минатата година ја почнавме со 1,1 милијарда денари, а годинава ја завршуваме, односно ја почнуваме следната со 1,3 милијарди денари што е трипати повеќе од 2016 година, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Според постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Нарине Сахакиан, иднината им припаѓа на луѓето кои имаат добри, иновативни идеи, кои вложуваат напори и бараат решенија за подобрување на условите во светот воопшто.

-Убаво беше да се слушнат инспиративните приказни. Убаво е кога ќе видите дека луѓето веруваат дека можат да го сменат животот на другите, нагласи Сахакиан.

Директорот Деспотовски напомена дека 22-те компании што веќе почнаа бизнис, ќе бидат дел од групата од преку 100 стратапи кои изминатите 18 месеци добија од Фондот за иновации.

Поврзани вести

Доаѓа зима и нема седење надвор – како рестораните ќе ја „преживеат“ кризата?

msp-admin

Тајланд најде уште еден извор на приход

Влатко Зорба

Oppo за прв пат го предводи кинескиот пазар на паметни телефони

Влатко Зорба