СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Димитријоски: 4Г зрачи повеќе од 5Г

Сашо Димитријоски, директор на АЕК во интервју за МИА вели дека 4Г мрежата има поголемо нејонизирачко зрачење од новата генерација мрежи – 5Г.

Според него бидејќи мерењето е спроведено во најлошо можно сценарио за очекување е тоа да учествува со уште помал процент во реални услови.

– Согласно ЗЕК една од надлежностите на АЕК е да го мери нејонизирачкото зрачење од сите предаватели од кои има емисија на електромагнетни бранови, а секако тоа значи и од базните станици од сите постојни технологии: 2Г, 3Г и 4Г. Ова значи дека и со воведување на 5Г тоа ќе остане обврска на АЕК. До овој момент АЕК спроведе мерење на нејонизирачко зрачење на неколку локации од 5Г тест-мрежата на Македонски телеком за која е издадено привремено одобрение до 31.10.2020 за опсегот 3.6-3.7 Mhz. Мерењето е спроведено во сценарио на максимална иззрачена енергија и резултатите покажуваат дека од максимално дозволеното ниво според меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење кумулативното зрачење изнесува 14,9 проценти. Во овој процент зрачењето од 5Г учествува со само 32 проценти за разлика од зрачењето што потекнува од 4Г, кое учествува со 49 проценти. Бидејќи мерењето е спроведено во најлошо можно сценарио за 5Г за очекување е тоа да учествува со уште помал процент во реални услови. АЕК ќе продолжи и понатаму со континуирани мерења и доколку се констатира надминување на нормите, согласно ЗЕК секако дека АЕК ќе преземе соодветни дејства, вели Димитријоски.

Поврзани вести

Брзите измени на Законите влеваат несигурност кај компаниите и граѓаните

msp-admin

Marks & Spencer дели 7.000 откази и го менува начинот на продажба

msp-admin

Египет не дозволува „Евер Гивен“ да ја напушти земјата, бара милјарда долари компензација

Влатко Зорба