СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Долгот на Шпанија достигна ниво, невидено во последниве 118 години

Како резултат на ширењето на пандемијата и усвојувањето на големи владини пакети за поддршка на граѓаните и бизнисите во позадина на блокираните економии, долгот на земјите од Европската унија значително се зголеми минатата година.

За една земја-членка, која беше најтешко погодена од корона-кризата, долгот веќе скокна на ниво што не е видено повеќе од еден век.

Во Шпанија, оваа бројка се искачи на 112,4 милијарди евра во изминатата 2020 година – износ скоро колку годишните трошоци за исплата на пензиите во земјата. Ова го соопшти ЕУРАКТИВ повикувајќи се на шпанската агенција ЕФЕ.

Учеството на долг во однос на големината на шпанската економија беше 95,5% од бруто домашниот производ (БДП) за 2019 година. Во изминатите 12 месеци, тој достигна 117,1% од БДП, што е најголемо учество по повеќе од еден век.

Последното вакво рекордно учество во големината на економијата беше во 1902 година, кога бројката надмина 123 проценти, според пресметките на Централната банка на Шпанија.

Претставено поинаку, со оглед на населението во земјата од 46,9 милиони, уделот по глава на жител е над 27,900 евра, повеќе од просечната годишна плата во земјата, што изнесува 27.500 евра.

Рекордното ниво на долг доаѓа во позадина на огромниот јавен дефицит од 10,3 проценти, пријавен во 2020 година како резултат на блокадата на шпанската економија.

„Ова е резултат на директна помош и мерки воведени како одговор на здравствените, економските и социјалните ефекти од пандемијата“, рече шпанската министерка за финансии Надја Калвињо.

Поврзани вести

Истражување: Долгорочната невработеност во еврозоната ќе се зголеми во 2021 година

Влатко Зорба

Бајден се откажува од санкциите за „Северен тек 2“

Што е цел на мерката „Викенд без ДДВ“?

msp-admin