СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Една од најстарите авиокомпании во Европа се соочува со банкрот

Czech Airlines (CSA), националниот превозник на Чешка, се соочува со големи финансиски проблеми, а доверителите на авиокомпанијата имаат рок до мај да одлучат дали ќе ја финансираат отплатата на наталожениот долг или судот ќе донесе одлука за продажба на имотот.

Според локалните медиуми, компанијата не ги подмирува своите обврски и има долг од скоро 70 милиони евра кон добавувачите и патниците.

Финансиските проблеми на оваа авиокомпанија не се појавија во времето на пандемијата, но веројатно е дека кризата предизвикана од КОВИД-19 ќе биде дополнителен удар за CSA.

На крајот на февруари, компанијата поднесе барање за стечајно управување.

Раководството на оваа компанија прогласи несолвентност и побара од судот да одобри постапка за стечај со планот за реорганизација на компанијата, па сега се повикуваат доверителите да поднесат побарувања во рок од два месеци.

Тие треба да го информираат администраторот за сите права што ќе ги остваруваат врз имотот на Czech Airlines.

Со претходна судска одлука, CSA беше под мораториум за отплата на долгот кон доверителите до крајот на февруари, а судот требаше да донесе одлука дали ќе го одобри започнувањето на постапката за реорганизација или ќе прогласи банкрот.

Чешка не и помогна финансиски на авиокомпанијата, бидејќи не е во државна сопственост од 2017 година.

Од таа година е во сопственост на приватната авиокомпанија Smartwings.

CSA е петта најстара авиокомпанија во светот, но наскоро ќе се види дека ќе може да го прослави својот стоти роденден за две години.

Со пет регионални авиони АТР 72-500, еден Ербас А319 и еден А320, оваа компанија падна на многу ниски нивоа во споредба со периодот пред 15-20 години кога беше една од најголемите европски авиокомпании што одржуваше многу обемна мрежа на линии во рамките на Европа, Блискиот исток, поранешниот Советски сојуз, Азија и Северна Америка, пренесува порталот Aviatica.

Поврзани вести

Гејтс: Жените треба да управуваат со парите

msp-admin

Месечен младински додаток по 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност

msp-admin

Офшор-компании управуваат со 6 трилиони евра од Луксембург

Влатко Зорба