СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Европските железници на работ на колапс

Железничките компании кои работат во земјите на ЕУ минатата година изгубиле приход од оперативни средства во износ од 26 милијарди евра, објави Здружението на европски компании за железници и инфраструктура – ЦЕР, цитирани од „Еуроњуз“.

Според оваа институција, „на почетокот на 2021 година не е забележана позитивна промена во областа на железничкиот сектор, бидејќи бројот на патници е намален поради пандемијата“. Извршниот директор на „Еуростар“, Жак Дамас, за „Еуроњуз“ изјави дека е можна „катастрофа“, бидејќи се инвестираат милијарди евра државна помош во авијацискиот сектор.

Во прилог на ова е изјавата на извршниот директор на ЦЕР, Алберто Мацола, „дека авиокомпаниите ќе добијат државна помош во износ од 35 до 40 милијарди евра, а дека железниците ќе имаат директна поддршка до седум милијарди евра“.

Според него, железничката компанија „Еуростар“ е во „многу тешка состојба“, со пад на приходите во некои деловни сегменти за 95 проценти, а сообраќајот е намален за помеѓу 40 и 60 проценти.

Од друга страна, со оглед на тоа што според „зелениот договор“, односно планот на ЕУ „да ја направи Европа прв климатско неутрален континент до 2050 година“, се поставува прашањето дали ЕУ им дава согласност на земјите-членки за спасување на авиокомпаниите, без одредени барања за подобрување на животната средина, потсети „Еуроњуз“.

„Видовме дека минатата година падот на загадувањето поради скромниот воздушен сообраќај беше 64 проценти. Сепак, ова ќе го имаме како податок од минатото, доколку продолжиме да го спасуваме авијацискиот сектор без строги барања во врска со финансирањето на заштитата на животната средина“, изјави за Еуроњуз менаџерот за авијација во „Transport & Environment“, Џeо Дардени.

Како што додава Дардени, Европската комисија „дури и не се обиде да ги присили земјите-членки да воведат позелени услови или позелени гаранции за државна помош за авиокомпаниите“.

Портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд, за „Еуроњуз“ изјави дека еден од условите за добивање државна помош од „Ер Франс“ е компанијата да објави информации за тоа како се инвестираат парите. Вклучувајќи како користењето на добиената помош ги финансира активностите на компаниите во согласност со ЕУ и националните обврски поврзани со зелената и дигиталната трансформација и целта на ЕУ за климатска неутралност до 2050 година.

Виганд исто така забележува дека на земјите-членки е да одлучат дали ќе доделат државна помош и, доколку е така, на кои сектори.

Поврзани вести

Романската економија ги засенува останатите во ЕУ (инфографик)

Влатко Зорба

Руски милијардер постави АПСОЛУТЕН РЕКОРД: Заработил 6,4 милијарди долари за само 2 месеци

Влатко Зорба

Apple ќе им овозможи и на други сервиси да ги поправат Mac компјутерите

msp-admin