СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Fiat инвестира милијарди евра во фабрика во Европа

Италијанско-американскиот производител на автомобили Fiat Chrysler ќе инвестира две милијарди евра во фабрика во Тичи, Полска, за да ги опреми за производство на хибридни и електрични модели, изјави во вторникот полскиот вицепремиер Јарослав Говин.

– Современите, хибридни и електрични автомобили на брендовите Jeep, Fiat и Alfa Romeo ќе започнат да ја напуштаат фабриката во Ti;i во 2022 година – напиша Говин на Твитер.

Fiat Chrysler, кој официјално планираше спојување од 38 милијарди долари со францускиот ривал PSA и создавање на четвртиот најголем производител на автомобили во светот, соопшти дека подготовките за проширување и модернизација на фабриката започнале во втората половина на минатата година.

Поврзани вести

Шпанија ќе тестира 4-дневна работна недела

Влатко Зорба

„Дизни“ отпушта 28.000 вработени

msp-admin

Цените на нафтата паднаа по позитивниот тест на Трамп на корона

msp-admin