Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ предвидува дека цената на златото годинава ќе падне од 1.734 на 1.600 долари за унца, а во 2022 година ќе се намали на 1.400 долари „поради зголемената побарувачка како резултат на инвестициските текови и набавките од централните банки“. Во 2023 година, златото може да биде на ниво од 2013 година.
Според „Фич“, цените на многу стоки „ќе имаат корист од враќањето на побарувачката на краток рок, додека одговорот на снабдувањето е сè уште бавен, а залихите се при крај“. Рејтинг агенцијата објави дека очекува цените на златото да паднат на 1.200 американски долари за унца до 2023 година, пишува РТ.
Цената на благородниот метал е под значителен притисок во последно време. Цените на златото оваа недела паднаа под 1.800 американски долари, зголемувајќи ги загубите како резултат на слабата побарувачка на валути за прибежиште и зголемувањето на приносот на американските обврзници, туркајќи ги цените на златото надолу.
Цените се лизнаа за повеќе од еден процент на 1.734 долари за унца во петокот.