СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Фирмите што користат средства од ФИТР уплатиле во Буџетот 3,5 милиони евра повеќе, отколку што Фондот исплатил кон проектите

„Можам да ви кажам само едно големо благодарам, дека се охрабривте и во ова време на криза решивте да инвестирате во својата иднина и развој. Токму вие млади луѓе и вашите компании сте она здраво јадро во економијата што ќе не извлече напред. Со вас, од оваа економска криза ќе излеземе посилни. Во овие три години заедно покренавме инвестиции од над 73 милиони евра, од кои над 40% се ваш влог, на домашните компании. Сега, веќе можеме гордо да зборуваме за многу успешни приказни и резултати од работата во изминатите три години. Само во 2019 година фирмите што користат средства од Фондот уплатиле на име придонеси и данок на добивка за 3,5 милиони евра повеќе средства во Буџетот отколку што Фондот исплатил кон проектите. Тоа се 3,5 милиони евра повеќе за болници, училишта, наставен кадар и медицински персонал, за пензии, социјала”, рече директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, на денешната промоција на 84 старт-ап компании, што ќе добијат финансиска поддршка од ФИТР на јавниот повик „Стартапувај 2″.

Државата во нив ќе вложи 2,35 милиони евра. Во рамките на овој повик, во првиот бран беа поддржани 53 компании, но поради квалитетниот број апликации по препорака на Комитетот за одобрување на инвестиции, беа обезбедени дополнителни милион евра, за поддршка на уште 31 микро и мали стартап компании. Вкупниот обем на инвестиции изнесува над 3 милиони евра, од коишто 77%, односно 2.35 милиони евра се средства што ги обезбедува Владата во соработка со Светска Банка, а 23% од средствата, односно речиси 702 илјади евра се средства коишто ќе ги обезбедат самите компании.

Тој нагласи дека охрабрува фактот што Фондот ги поттикнал младите во земјава своите бизнис идеи да ги преточат во успешен бизнис, што го потврдува и бројката дека над 52% од овие компании се основани во последната година. Деспотовски додаде и дека со таргетирани мерки во изминативе години континуирано се работи на поддршка на стартап заедницата.

„Со овој повик веќе семејството на ФИТР брои над 500 компании. Но речиси 55% од нив, односно 299, се токму стартап компании. Во нив вложуваме над 17 милиони евра. За споредба до 2017 биле поддржани само 30 стартап компании со 850.000. Успеавме и покажавме дека оваа држава може да биде водечка, и тоа во една област што е неверојатно клучна во 21 век. Престижниот „Фајненшал тајмс” го рангираше токму Скопје за место со најдобра клима за почеток на старт-ап бизнис. И, тоа не е случајно, туку темелно одработено со конкретни резултати кои ги покажавме особено во изминативе 3 години”, рече Деспотовски.

Поврзани вести

Лагард: Пандемијата длабоко ќе ја смени светската економија

msp-admin

FDA го одобри тестот на Roche за Корона вирус

msp-admin

Златото и понатаму е „рај“ за инвеститорите

msp-admin