СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Фолксваген ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција

Автомобилскиот концерн Фолксваген ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција, во момент кога Анката спроведува операција во Сирија, јави весникот „Ханделсблат“, повикувајќи се на свои извори.

Компанијата преговара со турската страна за изградба на фабрика во близина на Измир. Сепак, откако Турција почна офанзива во Сирија, раководството на Фолксваген не брза да го потпише договорот, пишува весникот.

– На целата ситуација гледаме со голема претпазливост, изјави претставник на Фолксваген за „Ханделсблат“.

На 9 октомври турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го објави почетокот на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија против Курдската работничка партија и терористичката група Исламска држава.

Во новата фабрика во Маниса, во близина на пристаништето во Измир, планирано е да се произведуваат новите модели „Пасат“ и „Шкода Суперб“. Фолксваген ќе инвестира една милијарда евра во погонот. Планирани се 4.000 работници, а по 2022 година фабриката треба да произведува 300.000 возила годишно. За таа цел, Фолксваген регистрираше подружница во Маниса со капитал од 150 милиони евра.

Поврзани вести

САД се најголемиот извозник на оружје во светот, Русите запишаа голем пад

Влатко Зорба

ПАНДЕМИЈА НА НЕВРАБОТЕНОСТ: Отпуштања во Европа, најмногу невработени во Австрија од Втората светска војна

Влатко Зорба

„Епл“ сака вработените да се вратат во канцелариите до септември

Stefanija Kuzmanovska