СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Forbes откри 50 нови милијардери во областа на здравството

Американскиот магазин Forbes ги вклучи директорите на фармацевтските компании BioNTech и Moderna на списокот со 50 нови милијардери кои се збогатија во областа на здравството во услови на пандемија на коронавирус.

Пандемијата на коронавирус доведе до значително зголемување на богатството на многу лидери на фармацевтски компании и инвеститори во здравството. Ова се компании кои се занимаваат со развој на вакцини, лекови и медицинска опрема, посочува Forbes.

Сè на сè, во 2020 година, Forbes откри 50 нови милијардери во областа на здравството. Најистакнати нови лица оваа година се научниците кои стојат зад двете најуспешни вакцини за коронавирус – едната е изработена од американската компанија Pfizer и германската биотехнолошка компанија BioNTech, а другата од компанијата Мoderna со седиште во Масачусетс.

Но, заработката не беше само од вакцините. Компаниите кои биле вклучени во развојот на лекови кои помагаат да се потиснат симптомите на Ковид-19, исто така профитирале од пазарот. Карл Хансен, извршен директор на канадската компанија за биотехнологија AbCellera, сега тежи 2,9 милијарди долари откако неговата компанија излезе во јавноста на 11 декември со третман со антитела развиен заедно со фармацевтскиот гигант Eli Lilly, за што доби одобрение од американската Администрација за храна и лекови. Компаниите кои работеа зад сцената, односно им помогнаа на поголемите компании да тестираат нови лекови, исто така се збогатија.

Богатството на генералниот директор и ко-основач на BioNTEch, Германец со турско потекло Угур Сахин, се проценува на 4,2 милијарди долари. Французинот Стефан Бансел, кој е на чело на компанијата Moderna од 2011 година, има капитал од 4,1 милијарди долари. Богатството на американските инвеститори Тимоти Спрингер и Роберт Лангер, кои во 2010 година инвестираа пет милиони и 1,5 милиони долари во развојот на Moderna, сега се проценува на две милијарди и 1,5 милијарди долари.

На списокот на нови милијардери има и директори на компании и инвеститори од Кина, Италија, Индија, Канада, Швајцарија, Хонгконг и Данска.

Поврзани вести

Volkswagen ги засилува амбициите во областа на електричната мобилност

Влатко Зорба

Акциите на Tesla паѓаат поради Model Y

Влатко Зорба

„Глобал Портс“ размислува да го продаде својот удел во „Port of Adria“

Влатко Зорба