СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Гацов: Очекуваниот промет од 170 милиони евра од „Викенд без ДДВ“ е преоптимистички

Просечниот дневен промет на мало во 2017 година изнесувал околу 12 милиони евра. Консеквентно за три дена од 2017-та овој промет изнесувал околу 35 милиони евра. Очекувањата дека за три дена во рамките на првиот „Викенд без ДДВ“ би можело да се реализира пет пати повисок промет во однос на прометот од 2017 година е преоптимистички и тешко остварлив, вели во интервју за Локално Претседателот на Здружението на даночни советници, Павле Гацов, а како ограничувачки фактори ги посочува короната, продолжениот викенд и слабата куповна моќ.

Во однос на бенефитот, тој вели дека освен трговците, преку зголемениот промет и зголемениот приход, ќе имаат и крајните корисници, граѓаните кои на овој начин успеваат да дојдат до производи кои на крајот помалку ќе ги платат.

-Просечниот дневен промет на мало во 2017 година изнесувал околу 12 милиони евра. Консеквентно за три дена од 2017-та овој промет изнесувал околу 35 милиони евра. Очекувањата дека за три дена во рамките на првиот „Викенд без ДДВ“ би можело да се реализира пет пати повисок промет во однос на прометот од 2017 година е преоптимистички и тешко остварлив. Постојат неколку ограничувачки фактори кои го намалија ефектот на мерката: слаба куповна моќ на граѓаните и неизвесност за иднината во новите услови, нејзина прва примена, непријатности со групирање на македонските производи во фискалните сметки, неработење на голем број на трговци на мало за време на викенд и празник (вкупниот број на малопродажни објекти во државата е околу 20 илјади со тренд на намалување во 2020 година), брзо зголемување на бројот на заразени лица од корона вирусот како причина која го демотивира шопингот, потоа традиционалното напуштање на градските средини за време на продолжени викенди (во градовите се наоѓаат најголемот број објекти за трговија на мало) итн, вели Гацов.

Поврзани вести

Шест клучни откритија и потфати во 2020 година

msp-admin

Овој македонски универзитет соработува со 200 други универзитети во 40 земји и нуди стипендии за сите средношколци

msp-admin

Еуроникел Индустри за Општата болница во Кавадарци донираше пет медицински апарати

Берта Китинска