СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Гејтс: Вакцината против коронавирусот мора да биде глобално достапна

Животот може да се врати во нормала само откако вакцината против коронавирусот е глобално достапна, рече ко-основачот на Мајкрософт и филантроп, Бил Гејтс.

Се очекува вакцината за КОВИД-19 да може да се развие до крајот на годината.

Зборувајќи за „Фокс њуз“, Гејтс рече дека треба да се работи брзо за развој на новата вакцина во „доза од милијарди“, пренесува Хина.

Развиените земји како САД, продолжи тој, порано или подоцна ќе можат да се изборат со вирусот, но тој мора да биде поразен ширум светот.

„Работите навистина нема да се вратат во нормала додека вакцината не е достапна практично низ целиот свет“, рече Гејтс, кој минатата недела ја повика американската влада да започне со изградба на фабрики за развој на најперспективните вакцини во борбата против вирусот.

Тоа може да биде губење на милиони долари бидејќи некои вакцини веројатно нема никогаш да бидат потребни и приватните компании не можат да го преземат тој ризик, рече Гејтс.

„Приватните компании не можат да го преземат тој ризик, но федералната влада може“, рече Гејтс, додавајќи дека ова е единствениот начин да се обезбеди масовно производство на вакцини.

Фондацијата Гејтс, која главно финансира здравствени програми, издвои 105 милиони долари за борба против сегашната пандемија.

Поврзани вести

Европа: Сè помалку плаќање со банкноти, но и се повеќе во оптек

Влатко Зорба

Зошто најбогатиот човек на светот секогаш размислува три години напред?

Влатко Зорба

Бензините поскапуваат за 3,5, нафтата за 1,5 денари

msp-admin