СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германија ја сопре ПОМОШТА за компаниите поради ЗЛОУПОТРЕБИ

Германија привремено ја прекина финансиската помош за некои компании погодени од ограничувањата на коронавирусот, по откривањето на неколку сомнителни случаи на злоупотреба, објави Министерството за економија.

Одлуката за суспензија се однесува на компаниите кои аплицирале за финансиска помош за ноември и декември, како и за добивање на специјални заеми за надминување на деловните тешкотии, пренесе Ројтерс.

Министерството изјави дека одлуката за суспензија на помошта се применува од 5 март, без да прецизира колку компании се погодени од неа.

Во соопштението се забележува дека Министерството до обвинителството проследувало податоци за сомнителни случаи на злоупотреба, кои треба да покренат истрага за неправилности.

„Постојат сомневања дека во неколку случаи, државната помош предвидена за короната е добиена незаконски, со измама“, изјави портпаролот на Министерството за економија во мејл до медиумите

Додаде дека плаќањата се проверуваат и привремено се суспендираат и дека помошта повторно ќе биде „достапна наскоро“.

Министерството не соопшти за колкава сума пари станува збор, додека веб-страницата „Бизнис инсајдер“ на германски јазик, која прва објави сомневања за измама, наведува дека станува збор за бројка од неколку милиони евра. Според веб-страницата, трети лица се вклучени во измамата, како што се даночни советници нарачани од владата да ги проверат побарувањата на компаниите пред да ги достават.

Германија лансираше невиден пакет помош за да им помогне на компаниите, самовработените и другите бизниси да ја надминат кризата предизвикана од пандемијата и да избегнат масовни отпуштања.

Поврзани вести

Србија издаде еврообврзница вредна милијарда евра

Влатко Зорба

Во пензија скоро 27 години – Во овие држави најдолго траат пензионерските денови

msp-admin

Србија нема да извезува литиум, сака да стане центар за производство на батерии и електрични автомобили

Влатко Зорба