СТАНДАРД life
ПРЕТПРИЕМАЧ

Трајковски: Бројките од 100% реализација за 2019 и 2020 година на АДИССДП доволно покажуваат за нашиот ангажман

Во калкулациите за што полесно надминување на негативните ефекти на пандемијата, АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката ги стави социјалните згради во „посебна графа“ која не смее да биде доведена во прашање. Како потврда го посочуваат фактот дека само за две години се почнати градби на 13 локации низ државата.

„Во изминатиот период интензивно се посветивме на расчистување на сите локации на кои беа предвидени згради за социјално ранливите категории и сметам дека навистина успеавме да покажеме сериозна реализација на капиталните инвестиции. Сметам дека бројките од 100% реализација за 2019 и 2020 година доволно покажуваат за нашиот ангажман и посветеност“, вели Кристијан Трајковски- генерален директор на АДИССДП во интервју за „Стандард“.

Оптоварено со претходно наталожени кредити, Друштвото, вели тој, ја подобрило ликвидноста со продажба на својот административен објект во централното градско подрачје.

„Средствата ги искористивме за предвремена исплата на кредитите кои во изминатиот период го отежнуваа работењето на АДИССДП“, вели Трајковски.

Во однос на забелешките на Државниот ревизор за регистрирани слабости во евиденцијата на недвижностите и голем број диво вселени станови Трајковски посочува дека станува збор за сложен процес кој зависи од повеќе институции, па оттука и потребата од нивно системско поврзување преку дигитално софтверско решение.

Како начин на надминување на недостатоците со станбеното домување како и решавање на сите проблеми со дивовселените лица – постапки кои траат долг временски период, АДИССДП предложило измени на Законот за домување на кои работи мешовита комисија.

Дали и колку АД за изградба и стопанисување со стенбен и деловен простор ги почувствува последиците од вирусот КОВИД 19? Вашето Друштво организира изградба на социјални и комерцијални згради, изнајмува деловни простории, но истовремено стопанисува и со Националната Арена „Тодор Проески“, и со четири катни гаражи. Каде се регистрирани најголемите негативни ефекти?

-Последиците од кризата со вирусот КОВИД 19 неминовно предизвикаа големи негативни ефекти во секојдневното живеење но и врз економскиот живот на секоја држава или компанија одделно. Како негативни ефекти од кризата со вирусот КОВИД 19 би можел да ги издвојам незначителното задоцнување со дел од градбите како и наплатата на закупнината од деловниот и станбениот простор. И покрај сите проблеми со кои се соочивме во овој период успеавме да ги надминеме сите пречки како и да ги задржиме сите наши закупци благодарение на економските мерки предложени од Владата на РСМ. Во однос на настаните одржани на Националната арена Тодор Преовски во овој период истите беа организирани согласно сите здравствени протоколи.

Дали во надминувањето на овој период ви помогнаа средствата добиени од продажба на вашата административна зграда лоцирана на ул. Филип Втори Македонски?

– Средствата од продажбата на административниот објект ги искористивме наменски за предвремена исплата на кредитите кои во изминатиот период го отежнуваа работењето на АДИССДП во поглед на ликвидноста, со што обезбедивме предвремена отплата на кредитите од една страна како и заштеда од каматите кои во наредниот период требаше да ги исплаќаме од друга страна. На тој начин обезбедивме сериозно намалување на кредитите кои АДИССДП ги користело од повеќе банки. Очекувам дека до крајот на оваа година останатите кредити ќе бидат предвремено исплатени и на тој начин сериозно ќе се подобри ликвидноста на Друштвото.

Последниот ревизорски  извештај покажа неколку слабости во функционирањето на Друштвото, меѓу кои пропусти во евиденцијата на недвижностите и голем број диво вселени станови.АДИССДП одговори дека станува збор за затекната состојба на чие надминување се работи. До каде сте со тој процес?

-Процесот на евиденција на недвижностите е сложен процес кој зависи од повеќе институции и во таа насока се наметна прашањето за системско поврзување помеѓу сите надлежни институции преку дигитално софтверско решение. Во овој момент АДИССДП  води постапки за впишување на целокупниот имот во Катастарот за недвижности на сите објекти со кои стопанисува и обезбедување на правен основ за секој објект одделно. Согласно расположливата документација со која располага АДИССДП се поведени постапки пред Општините и пред Државното правобранителство за стекнување на правен основ на истите, со цел надминување на овој повеќе децениски проблем. Како што и претходно споменавме голем дел од тие станови се затекната состојба и за сите дивовселени лица се поведени соодветни постапки. Со цел надминување на проблемите со станбеното домување како и решавање на сите проблеми со дивовселените лица – постапки кои траат долг временски период, АДИССДП предложи измени на Законот за домување на кои измени работи мешовита комисија сочинета од преставнци од Министерството за транспорт и врски, Комисијата за станбени прашања при Владата на РСМ како и преставници од нашето Друштво.

Една од точките на која се осврна Државниот ревизор е и топловодната мрежа. Се вели дека нејзиното превземање од Град Скопје може да доведе до меѓународна судска постапка и арбитража врз основа на извршените вложувања. Дали во таква ситуација и АДСДП би се нашол во ситуација на  спор а со тоа и на непланирани трошоци?

– За таа цел во изминатиот период пристапивме кон сериозна анализа на целокупната состојба во врска со договорот кој АДИССДП во име на Владата на РСМ го има склучено со БЕГ и доставивме информација со наши препораки до Владата на РСМ за надминување на тој проблем.

За кус период успеавте да почнете изградба на неколку социјални згради низ државата.Постојат ли можеби анализи за вкупниот број потребни станови за социјално ранливи категории граѓани?

– Во изминатиот период интензивно се посветивме на расчистување на сите локации на кои беа предвидени згради за социјално ранливите категории и сметам дека навистина успеавме да покажеме сериозна реализација на капиталните инвестиции. Сметам дека бројките од 100% реализација за 2019 и 2020 година доволно покажуваат за нашиот ангажман и посветеност. Со ваквата динамика во соработка со Социјалната развојна банка на Европа ЦЕБ (The Council of Europe Development Bank  -CEB), успеавме на целата територија на РСМ да отпочнеме изградба на 13 локации. Локациите на кои се градат сите објекти се претходно усогласени со Министерството за транспорт и врски и Министерството за труд и социјална политика согласно потребите и нивната евиденција на лицата од социјално ранливите категории и впрочем се утврдени во Годишната програма на АДИССДП која ја донесува Владата на РСМ како и што претходно споменав.

Дали овие лица имаат прoблем со плаќањето на закупот?

-Во голем дел лицата – корисници на овие станови навремено ги надмируваат своите обврски но има и такви лица кои имаат потешкотии во делот на редовното плаќање. Она што е значајно да се потенцира дека сите лица плаќаат симболична закупнина која е далеку пониска од пазарната закупнина на становите.

Кристијан Трајковски, генерален директор на АДИССДП

Уставниот суд го укина мораториумот за градење во општина Центар. Дали на овој начин се ослободуваа повеќе простор за делување и на вашето Друштво бидејќи реално граѓаните  покажуваат најголем интерес за стан во централното градско подрачје?

-Интересот за купување на комерцијални станови кои АДИССДП ги гради како инвеститор во изминатиот период се покажа како исклучително висок. Само за пример можам да ги истакнам продажбите на двете комерцијални згради во Реонски центар Аеродром кадешто на првата објава и лицитација се продадоа над 90% од понудените станови. Со укинувањето на мораториумот во Општина Центар се отвара можност за изградба на нов комерцијален и деловен простор. АДИССДП веќе подолг период работи на расчистување на неколку локации во Општина Центар од кои можам да ги истакнам следните локации како атрактивни: локацијата на јужен булевар – поранешна воена пекара, една локација во населбата Дебар маaло, локација во населбата Буњаковец и секако локацијата каде што во моментов се наоѓаат канцелариите – бараките на АДИССДП. За првата локација е завршена постапката за избор на проектант и во наредните месеци очекувам да започнеме со постапката за избор на изведувач.

Оттука и прашањето дали и колку е лесна постапката на добивање локации  од страна на општините, особено оние во Скопје, односно колку успевате да се изборите во конкуренцијата со приватните инвеститори?

– Добивањето на локации за изградба на комерцијални станови и деловен простор е во директна корелација со носењето на Деталните урбанистички планови од страна на Општините кои како постапки за донесување траат подолг временски период. Она што е битно да се потенцира е дека со носењето на урбанистичките планови Општините имаат можност да го креираат урбаното живеење на секоја општина одделно како и да се обезбедат квалитетни локации за Друштвото. Зависно од локациите, објектите со кои стопанисува АДИССДП и новите урбанистички планови како и Годишната програма за изградба на АДИССДП која ја носи Владата на РСМ директно зависат идните градби на Акционерското друштво.

За кус период успеавте да почнете изградба на неколку социјални згради низ државата.Постојат ли можеби анализи за вкупниот број потребни станови за социјално ранливи категории граѓани?

-Во изминатиот период интензивно се посветивме на расчистување на сите локации на кои беа предвидени згради за социјално ранливите категории и сметам дека навистина успеавме да покажеме сериозна реализација на капиталните инвестиции. Сметам дека бројките од 100% реализација за 2019 и 2020 година доволно покажуваат за нашиот ангажман и посветеност. Со ваквата динамика во соработка со Социјалната развојна банка на Европа ЦЕБ (The Council of Europe Development Bank  -CEB), успеавме на целата територија на РСМ да отпочнеме изградба на 13 локации. Локациите на кои се градат сите објекти се претходно усогласени со Министерството за транспорт и врски и Министерството за труд и социјална политика согласно потребите и нивната евиденција на лицата од социјално ранливите категории и впрочем се утврдени во Годишната програма на АДИССДП која ја донесува Владата на РСМ како и што претходно споменав.

Дали овие лица имаат прoблем со плаќањето на закупот?

– Во голем дел лицата – корисници на овие станови навремено ги надмируваат своите обврски но има и такви лица кои имаат потешкотии во делот на редовното плаќање. Она што е значајно да се потенцира дека сите лица плаќаат симболична закупнина која е далеку пониска од пазарната закупнина на становите.

Застанувајќи на чело на Друштвото се соочивте со голем број долгови. Успеавте ли да ги вратите, и воопшто  кои предизвици ги почувствувавте како најстресни?

-Во изминатиот период, поточно заклучно со крајот на 2019 година се исплатија сите заостанати долгови од кои некои се провлекуваа со години. Долговите на почетокот на 2018 година изнесуваа приближно 500.000.000,00 денари, без кредитите кои во тој момент изнесуваа околу 900.000.000,00 денари. Од почетокот на 2020 година сите обврски се сервисираат навремено. Како најстресен предизвик би можел да го издвојам проектот за изградба на социјалните згради кој за краток рок требаше да се реализира со цел истиот да не биде прекинат од страната на банката со која соработувавме, а тоа би предизвикало целосен прекин на изградба на сите социјални градби. Во еден краток период од 2 години мораше да се отпочне со изградба на сите локации или вкупно 13 кои беа планирани за градење и сето тоа бараше сериозен ангажман на повеќе полиња истовремено

К.В.С.

Поврзани вести

Садики: Претприемачите кои сакаат да почнат бизнис да не се двоумат, С.Македонија има многу голем потенцијал

Влатко Зорба

Пљаковска-Аспровска: 82% повеќе трансакции кај виртуелните ПОС терминали во првиот квартал од 2021 година во однос на лани

Влатко Зорба

Димоски: Сегашното ниво на цени може да претрпи натамошни промени, за жал во нагорна линија

Влатко Зорба