СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Глобалната економија се соочува со поголем проблем од евентуална рецесија

Светската економија се наоѓа во дупка, од која нема да излезе доколку владите не направат радикална промена во нивните политики и начините на кои тие инвестираат, велат од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Последната прогноза на париската група, исто така, ги одразува вообичаените закани во последните месеци: трговска војна, слаби инвестиции и трговија. Тие остануваат, но сега групата носи и систематски прашања, како што се климатските промени, технологијата и фактот дека трговската војна е само дел од поголема промена во светскиот поредок.

Според главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бун, главната грижа треба да биде дека светот ќе продолжи да страда и во наредните децении, доколку властите секој пат нудат краткорочни фискални и монетарни решенија за секој проблем.

Песимизмот за длабоко вкоренетите проблеми на глобалната економија остро се спротивставува на повеселите сигнали што ги испраќаат пазарите на капитал. Инвеститорите се обидуваат активно да го зајакнат растот следната година.

Morgan Stanley, исто така, забележува зголемување на растот следната година. ОЕЦД проектира раст од 2,9 проценти во 2020 година и 3 проценти во 2021 година. Меѓу другите предизвици, забележува ОЕЦД е промената кај кинеската економија. Таа се повеќе се ориентира кон услугите, што значи дека побарувачката на увезени производи за индустријата, нема да расте силно во иднина.

Поврзани вести

Македонците претпазливо трошат во услови на корона криза

msp-admin

Газда ги казнува вработените кои ќе завршат во самоизолација

msp-admin

113 брода поминаа низ Суецкиот канал по деблокадата

Влатко Зорба