СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Gorenje отпуштa 2.200 работници поради корона кризата

Словенскиот производител уреди за домаќинство Gorenje ќе отпушти 2,2 илјади вработени заради кризата предизвикана од пандемијата од коронавирус, објави денеска Радиотелевизија Словенија (РТС).

Gorenje се одлучи за отпуштања на вонредниот состанок на одбор во средата, наведувајќи дека паѓа побарувачката поради пандемијата.

Од вкупно 2,2 илјади отпуштања, илјада ќе бидат во Словенија, а остатокот ќе бидат во филијали во други земји, открива претставникот на синдикатот на Gorenje Жан Жеба.

Минатиот април, во компанијата работеа вкупно 9,3 илјади луѓе, пренесува РТС.

Gorenje е еден од најголемите словенечки извозници, со фабрики во Србија и Чешка, а во 2018 година компанијата беше преземан кинеската компанија Хисенсе.

Поврзани вести

Најголемиот производител на чоколадо доаѓа во Србија

Влатко Зорба

Маск свикал состанок со вработените во 1 часот наутро во недела, па вработил 252 луѓе

msp-admin

Акциите на Pfizer падна поради проблеми со превоз на вакцините

msp-admin