СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Huawei го објави техничкиот документ за NetX2025 целната мрежа

На прелиминарниот брифинг на Huawei за онлајн медиумите и аналитичарите во рамките на MWC Шангај 2021, Пенг Сонг, Претседател на одделот за маркетинг и решенија за продажба на Huawei Carrier BG одржа главен говор под наслов „NetX2025: Водич за идната мрежа“, објаснувајќи ги клучните карактеристики на идната целна мрежа преку „GUIDE“ моделот. За време на говорот, Пенг го најави објавувањето на техничкиот документ за NetX2025 целната мрежа (NetX2025 Target Network Technical White Paper).

Според Пенг, како што се забрзува трансформацијата кон интелигентно општество, сите индустрии влегуваат во дигиталната ера, во која ИКТ инфраструктурата ќе игра клучна улога во дигиталната економија. За операторите, видовите на клиенти и услуги се менуваат и ќе има се повеќе и повеќе неизвесност во сценаријата за примена. Како можат операторите да се справат со овие предизвици и да ги искористат сродните можности? Huawei препорачува операторите да направат план за целна мрежа денес со цел утре да ги искористат новите можности. Со планирањето на целна мрежа насочена кон деловен успех, треба да го промениме фокусот на планирање од сообраќајно ориентиран на сервисно ориентаран.

Во текот на својот говор, Пенг ја сподели визијата на Huawei за целната мрежа 2025. Од перспектива на деловниот успех и технолошките можности, Huawei верува дека целната мрежа мора да има пет карактеристики: Gigabit насекаде, Ултра-автоматизација, Интелигентна конекција во повеќе облаци (Intelligent Multi-Cloud Connection), Диференцирано искуство и Хармонија на животната средина. Овие пет клучни карактеристики скратено го создаваат „GUIDE“.

G: Gigabit Anywhere (Gigabit насекаде) е од суштинско значење за целните мрежи, за да им обезбедат дигитални услуги на корисниците. Гигабитните мрежи се темел врз кој може да расте една компанија, град, па дури и економијата на една земја. Гигабитната поврзаност е најосновното барање за производство на апликации како VR и AR, индустриски камери и собирање на податоци за производство.
U: Ultra-Automation (Ултра-автоматизација) е пресудна за целните мрежи со интелигентен систем на управување. Со оглед на тоа што 5G забележува масовна примена и има се повеќе оператори кои почнуваат индустриски услуги за дигитализација, обемот и сложеноста на мрежите се зголемува експоненцијално. Операторите мораат да овозможат ултра-автоматизација со усвојување големи податоци и интелигентни технологии. Мрежите на операторите можат да создадат поголема вредност со интелигентна автоматизација на сложените задачи и поедноставување на работата на луѓето.

I: Intelligent Multi-Cloud Connection (Интелигентна конекција во повеќе облаци) создава целна мрежна платформа за агрегација на услуги. По неколку години развој, технологијата во облак еволуираше од традиционален ИТ до компјутерски облак, а потоа и во матичен облак. Дигиталната трансформација на претпријатијата ги натера ИТ-системите да станат базирани во облак, а multi-cloud конекцијата сега е од суштинско значење за исполнување на барањата за контрола на трошоците, сигурноста на услугите и закрепнување при multi-cloud катастрофи. Овие промени доведоа до нови барања за интелигентна multi-cloud конекција и им донесоа нови можности на операторите да развијат услуги за конвергенција во мрежниот облак.

D: Differentiated Experience (Диференцирано искуство) е клучот за овозможување на целните мрежи да го олеснат деловниот успех. Суштината на корисничкото искуство е деловната активност, а суштината на бизнисот е монетизацијата. Се повеќе и повеќе практики докажаа дека диференцираното искуство може да создаде премиум. На пример, на претприемачкиот и на владиниот пазар, берзите се подготвени да платат 10 пати поголема закупнина за 1-ms пониска мрежна латентност. За операторите, диференцираното искуство значи пружање на искуство со најдобар напор и детерминистичко искуство. Доброто искуство може да ги задоволи личните потреби на корисниците, а диференцираното искуство е таму каде што операторите добиваат нова вредност.

E: Environment Harmony (Хармонија на животната средина) е посветеност на целната мрежа кон општествените одговорности и е дел од стратегијата за одржлив развој на водечките оператори ширум светот. Операторите мораат постојано да иновираат производи и технологии за да заштедат енергија, да ги намалат емисиите и да развијат циркуларна економија. Тие би требало и да ги поттикнат индустриските играчи да соработуваат со цел да се изгради општество со ниско ниво на јаглерод преку овозможување на зелени врски, услуги, О&М и апликации преку иновации во опрема, напојување, поставување на мрежи, центри за податоци, операции и апликации.

Техничкиот документ за NetX2025 целната мрежа објавен на прелиминарниот брифинг на Huawei во рамките на MWC саемот го објаснува пристапот на Huawei кон целните мрежи, вклучувајќи го двигателот на NetX2025, моделот „GUIDE“ што го карактеризира NetX2025, препораките за развој на NetX2025 и важните иновативни технологии за 2025 година.

Завршувајќи го својот говор, Пенг рече дека „GUIDE“ моделот ефективно ја сумира идната целна мрежа. Huawei се надева дека ќе соработува со операторите на планирање на идната целна мрежа преку истражување и иновации за постигнување на деловен успех до 2025 година.

Поврзани вести

„Хербалајф“ треба да плати 123 милиони долари поради мито

msp-admin

„Амазон“ ги чести работниците – 100 долари за потврда за вакцинација

Колку ќе заработи „Фајзер“ со продажба на вакцините ширум светот? Цифрата е огромна

Stefanija Kuzmanovska