СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Huawei и Xiaomi ја блокираа Alibaba

Интернет прелистувачот на Alibaba е отстранет од неколку онлајн продавници за апликации во Кина, откако конфликтот на компанијата со кинеската влада продолжува.

Продавниците за апликации за Android, вклучително и оние управувани од Huawei и Xiaomi, блокираа преземања или го отстраниа „UC Browser“ на Alibaba, според сопствениците на телефони Huawei и Xiaomi кои разговарале со CNBC.

Сепак, еден сопственик на телефон Samsung во Кина рече дека сè уште можат да го видат прелистувачот во продавницата за апликации на Корејците. Прелистувачот UC сè уште е достапен во App Store на Apple, пишува Financial Times.

Сето ова се случува откако „UC Browser“ беше критикуван во ТВ-емисија емитувана од државната телевизија CCTV за измама при медицинско рекламирање.

Во емисијата, прелистувачот на Alibaba беше обвинет дека им давал предност на приватни болници при пребарување по клучни зборови. Така потенцијално ги наведувал пациентите на нивните веб-страници, наместо во јавните болници, кои би требало да ги посетат.

Проблемите на Alibaba започнаа пред неколку месеци, а основачот на кинескиот гигант Џек Ма дури исчезна од јавноста за неколку недели, што предизвика бројни шпекулации за неговата судбина.

Поврзани вести

Почина долгогодишниот директор на НЛБ, Љубе Рајевски

msp-admin

Ангеловска: Се уште е рано да се зборува колку компании ќе се пријават за мерката минимална плата

msp-admin

Електричен модел е повторно најпродаван во Норвешка