СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Huawei и ZTE и официјално прогласени за закана за американската безбедност

Американската федерална комисија за комуникации (FCC) официјално ги прогласи кинеските компании Huawei и ZTE за „закана за националната безбедност“.

Ова значи дека компаниите не можат да ја користат програмата за субвенционирање од 8,3 милијарди американски долари, позната како Фонд за универзална услуга, за да купат, одржуваат или поддржат каква било опрема или услуги од два кинески телекомуникациски гиганти.

„Со денешната одлука, а врз основа на огромната тежина на доказите, Канцеларијата за јавно и внатрешно обезбедување на FCC ги прогласи Huawei и ZTE како ризични за американските комуникациски мрежи и за нашата 5G иднина“, се вели во соопштението на претседателот на FCC, Аџит Паи.

Пресудата го официјализираше едногласното гласање во ноември на FCC, со кое регулаторот ги прогласи двете кинески компании како ризик за националната безбедност.

Најновиот потег на Вашингтон е уште еден удар за Huawei и ZTE и по големата кампања во последните 18 месеци против двете кинески компании.

Минатата година, Huawei беше на американската црна листа наречена Entity List. Покрај тоа, ново правило од мај имаше за цел да го спречи технолошкиот гигант да пристапува до клучните резерви на полупроводници.

САД веќе подолго време се борат со доминацијата на Huawei во развојот на 5G технологии, особено откако дојде на власт претседателот Доналд Трамп. Вашингтон верува дека Huawei може да користи технологија за шпионирање во корист од кинеската влада, што компанијата постојано го негира.

Поврзани вести

Фолксваген ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција

msp-admin

„АТС ГРОУП“ прва компанија од земјава која ќе биде дел од глобален престижен саем за воена опрема во ОАЕ

msp-admin

Цените на нафтата лани паднаа за повеќе од 20 отсто

Влатко Зорба