СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Hyundai и Apple планираат да потпишат договор за автономни возила до март

Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai Motor и американскиот технолошки гигант Apple Inc планираат да потпишат договор за партнерство за изградба на автономни електрични автомобили до март и да започнат со производство околу 2024 година во САД, објави корејски IT News.

Hyundai одби да ги коментира вестите во неделата (10 јануари) и ги повтори коментарите во петокот дека добиле барања за потенцијална соработка од разни компании за развој на автономни електрични автомобили, објави Ројтерс.

Apple исто така не даде коментар.

Ажурираната верзија на IT News отстранува голем број детали, вклучително и локацијата на производствениот капацитет, како и роковите за потпишување на договорот и лансирање на првите возила.

Во првичната информација наведуваат дека компаниите планираат да произведуваат автомобили во фабриката на Kia Motors во Џорџија или да инвестираат заедно во нова фабрика во Соединетите Држави за да започнат со производство на 100.000 возила годишно околу 2024 година.

Целосниот годишен капацитет на предложената фабрика за изградба ќе биде 400.000 возила.

Веста, исто така, посочува дека Hyundai и Apple планираат да издадат „бета“ верзија на првиот проект следната година.

Ројтерс минатиот месец објави дека Apple ќе се фокусира на автономна автомобилска технологија и бара да произведе патнички автомобил што може да вклучува иновативна технологија на батерии креирана од компанијата

Акциите во Hyundai Motor се зголемија за 14,6% на крајот од тргувањето во Сеул, додека оние акции на производителот на автомобилски делови Hyundai Mobis додадоа 12,7% на нивната вредност, а оние на Kia пораснаа за 9,1%.

Поврзани вести

Покрената истрага за реакцијата на Амазон на пандемијата

msp-admin

БМВ повлекува 430 илјади автомобили поради опасност од пожар

Влатко Зорба

Бургер Кинг за 8 Март: „Жените припаѓаат во кујната“

Влатко Зорба