СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Инженер украл 26.000 доверливи документи и трговски тајни од „Тесла“

„Тесла“ обвини еден од инженерите кој работел во компанијата за незаконско симнување и пренесување на 26.000 доверливи документи, вклучувајќи и трговски тајни, на неговиот личен „Дропбокс“. Да бидат работите уште полоши, тој наводно тоа го сторил во текот на првата недела на работа.

Вишиот софтверски инженер Алекс Каитлов започнал да работи во Тесла на 28 декември минатата година и речиси истата секунда започнал да презема чувствителни документи од серверот на „Тесла“.

– Три дена откако беше ангажиран, тој украл илјадници деловни тајни што компанијата ги развивала со години – се наведува во тужбата што „Тесла“ ја покрена против него.

Компанијата одлучи да поднесе тужба против него на суд за кражба на деловни тајни и доверливи информации, но и за кршење на договорот. Инженерот бил отпуштен веднаш штом компанијата утврдила што прави.

Алекс Катилов ги негираше овие обвинувања и рече дека дознал за нив кога новинар му се обратил за изјава за овој инцидент.

„Тесла“ објаснува дека само околу 40 луѓе од неговиот тим имале пристап до оваа информација, додека од сите нив само осум можеле да го одобрат тој пристап. Покрај тоа, компанијата систематски ги бележела датумите за време на кои Катилов ги преземал датотеките.

Во обид да се одбрани, тој им овозможи на истражувачите на компанијата пристап до неговиот „Дропбокс“ и рече дека преземал само неколку лични, административни документи. „Тесла“ забележува дека ова е лага и дека откриле дека пренел илјадници документи и дека потоа се обидел да ги избрише доказите за тоа.

Проблемот е што во моментот кога ги преземал овие датотеки, тој можел да ги пренесе на кој било и на кој било уред, без „Тесла“ да има поим за тоа.

Поврзани вести

„Дојче банк“: Глобалниот БДП на ниво пред Ковид во средината на 2021 година

msp-admin

За време на пандемијата, четирипати зголемен бројот на повици преку Viber

msp-admin

ЕУ го рангира Huawei меѓу трите најдобри глобални иноватори

Никола Поповски