Апетитот на Германците за тестенини во време на корона донесе најмалку една добра вест во Италија, што го зголеми извозот на таа храна во Германија за 20% за една година.
– За нас, Германија е најголем пазар за извоз на тестенини – рече Луиџи Скордамаља од италијанското Здружение на производители на храна „Filiera Italia food association“.
И додека другите италијански сектори претрпеа загуби поради пандемијата, прехранбената индустрија може да ги „истрие рацете“ од задоволство, објаснува Здружението.
Повеќе маслиново масло, сирење и ориз завршија на трпезите во германските домаќинства од избувнувањето на пандемијата, но никој од овие производи не може да се спореди со „пастата“ според популарноста.